Епигенетскиот статус на туморните клетки ги одредува интензитетот и брзината на нивните метастази

Научниците во едно истражување испитувале како проширувањето на туморните клетки се однесува на местото на метастаза. Некои туморни клетки веднаш почнуваат да формираат метастази, а други влегуваат во продормална фаза каде е инхибиран процесот на ангиогенеза што им помага за нивно проширување. Оваа појава е ограничена од епигенетскиот статус на канцерозните клетки. Ова било потврдено со експерименти на човечки туморни клетки, како и на глувци.

Ова истражување е особено важно поради тоа што скоро 90% од сите фатални исходи на карциноми се поврзани со туморни метастази, а научната фела со децении веќе работи за унапредување на знаењето за метастазите. И покрај тоа, с? уште не е доволно познато кој механизам или механизми се одговорни за мигрирање на малигните клетки од еден орган во друг.

Истражувачите во оваа студија откриле нов начин да го следат мигрирањето на канцерозните клетки веднаш по метастаза на клетките во друг орган, во овој случај во белите дробови на глушец. Откриено било дека некои туморни клетки, по метастазирање во друг орган, ги напуштаат крвните садови и влегуваат во фаза на мирување, додека други малигни клетки веднаш почнуваат да се размножуваат. Оваа деликатна способност на метастазираните туморни клетки е контролирана од ендотелните клетки кои се дел од внатрешната обвивка на сите крвни садови. Ендотелните клетки ослободуваат таканаречени фактори кои го промовираат напуштањето на туморните клетки од крвните садови и на тој начин иницираат латентност. Кога научниците го „исклучиле“ ослободувањето на факторите од ендотелните клетки, латетноста повеќе ја немало.

Туморните клетки чија ДНК била метилирана во помала мера, биле поподложни на ефектите на ендотелните фактори што резултирало со екстравазација на клетките од крвниот сад и последователна латентност. Додека пак повеќе метилираните малигни клетки биле помалку подложни на ефектите на ендотелните фактори што резултирало со останување на клетките во крвните садови и последователна метастаза.

Резултатите од ова истражување се мошне важни затоа што може да послужат за откривање нови целни места за дијагностика, како и за откривање нови лекови за третман на карцином.

Reference:

ScienceDaily (2024). Epigenetic status determines metastasis

Достапно на: https://www.sciencedaily.com/releases/2024/02/240202115127.htm

Датум на пристап: February, 2024.