Docetaxel претставува антинеопластичен агенс кој делува преку механизам на врзување за β-субединицата на тубулинот, кој претставува основна структура на микротубулите. Docetaxel интерферира со нормалниот раст и нормалната функција на микротубулите, односно врши хиперстабилизација на нивната структура. Со ова се оневозможува клетките да го "искористуваат" својот цитоскелет за зголемување на нивната флексибилност. Дополнително, docetaxel предизвикува апоптоза на канцер-клетките преку механизам на врзување за Bcl-2-протеинот.
Пред да се започне со употреба на docetaxel, се препорачува примена на премедикација со перорален кортикостероид како што е дексаметазон, администриран во доза од 16mg дневно, односно по 8mg на секои 12 часа, во период од 3 последователни денови, започнувајќи еден ден пред започнување на третманот со docetaxel.
Карцином на дојка
- Препорачана доза на docetaxel за адјувантен третман на карцином на дојка е 75 mg/m2, aдминистрирана 1 час по администрација на доксорубицин во доза од 50 mg/m2 и циклофосфамид во доза од 500 mg/m2 на секои 3 недели, во тек на 6 циклуси.
Локално-напреден или метастатски карцином на дојка
- Препорачана доза на docetaxel за третман на локално-напреден или метастатски карцином на дојка е 100 mg/m2 како монотерапија;
- Во комбинација со трастузумаб, препорачана доза на docetaxel e 100 mg/m2 на секои 3 недели, при што трастузумаб се применува неделно;
- Во комбинација со капецитабин во доза од 1250 mg/m2 на секои 12 часа (во тек на 2 недели), препорачана доза на docetaxel e 75 mg/m2 на секои 3 недели.
Не-ситноклеточен карцином на белите дробови
- Препорачана доза на docetaxel e 75 mg/m2, по која веднаш се администрира цисплатин во доза од 75 mg/m2, администрирана во тек на 30 - 60 минути.
Карцином на простататаМетастатски карцином на простатата резистентен на хормонска терапија
- Препорачана доза на docetaxel e 75 mg/m2, администрирана истовремено со перорален преднизон или преднизолон, во доза од 5mg на секои 12 часа.
Метастатски карцином на простатата сензитивен на хормонска терапија
- Препорачана доза на docetaxel e 75 mg/m2 на секои 3 недели, во тек на 6 циклуси, администрирана истовремено со перорален преднизон или преднизолон, во доза од 5mg на секои 12 часа.
Гастричен аденокарцином
- Препорачана доза на docetaxel e 75 mg/m2, администрирана како едночасовна инфузија, по што следи администрација на цисплатин во доза од 75 mg/m2, администрирана како едночасовна до тричасовна инфузија, по што следи администрација на 5'-флуороурацил во доза од 750 mg/m2 дневно, администрирана како 24-часовна континуирана инфузија во тек на 5 дена, започната по завршување на инфузијата со цисплатин.
Карцином на глава и вратВоведна хемотерапија проследена со радиотерапија (ТАХ 323)
- На првиот ден од воведниот третман на локално-напреднат иноперабилен сквамозноклеточен карцином на главата и вратот, препорачана доза на docetaxel e 75 mg/m2, администрирана како едночасовна инфузија, по што следи администрација на цисплатин во доза од 75 mg/m2, по што следи администрација на 5'-флуороурацил во доза од 750 mg/m2, администрирана како континуирана инфузија дневно, во период од 5 дена; овој режим се применува на секои 3 недели, во тек на 4 циклуси.
Воведна хемотерапија проследена со радиотерапија (ТАХ 324)
- На првиот ден од воведниот третман на локално-напреднат иноперабилен сквамозноклеточен карцином на главата и вратот, препорачана доза на docetaxel e 75 mg/m2, администрирана како едночасовна инфузија, по што следи администрација на цисплатин во доза од 100 mg/m2 администрирана како 30-минутна до тричасовна инфузија, по што следи администрација на 5'-флуороурацил во доза од 1000 mg/m2, администрирана како континуирана инфузија дневно, во период од 5 дена; овој режим се применува на секои 3 недели, во тек на 3 циклуси.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Docetaxel има негативно влијание врз машката и женската репродуктивност.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.