Лек: Синетра

  • ATC код:B01AC04
  • Компанија:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
  • Доза:75mg филм обложени таблети
Секундарна превенција од атеротромботични настани
Миокарден инфаркт
Исхемичен инсулт
Постоечка периферна артериска болест
Акутен коронарен синдром
Акутен коронарен синдром со non-ST-сегмент елевација
Акутен миокарден инфаркт со ЅТ-сегмент елевација
Умерена до високо-ризична транзиторна исхемична атака или мал исхемичен мозочен инсулт
Превенција од атеротромботични и тромбоемболични настани кај атријална фибрилација

Clopidogrel претставува инхибитор на активација и агрегација на тромбоцитите кој делува преку механизам на иреверзибилно врзување на неговиот активен метаболит за Р2Y 12 класата на ADP (аденозин дифосфат) рецепторите на тромбоцитите. Поради тоа што тромбоцитите учествуваат во иницијацијата и/или еволуцијата на тромботичните компликации предизвикани од атеросклеротични болести, инхибицијата на функцијата на тромбоцитите може да резултира со намалување на стапката на кардиоваскуларни настани како што се смрт, миокарден инфаркт или мозочен удар.

Препорачана доза на clopidogrel e 75mg дневно.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата на clopidogrel кај пациенти со акутен коронарен синдром со non-ST-сегмент елевација и кај пациенти кои се подвргнуваат на примарна перкутана коронарна интервенција; 
  • Kaj пациенти со акутен миокарден инфаркт со ЅТ-сегмент елевација, не е потребно да се започнува со администрација на ударна доза на clopidogrel.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на clopidogrel кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
Акутен коронарен синдром
Акутен коронарен синдром со non-ST-сегмент елевација
  • Препорачана почетна доза на clopidogrel е 300mg или 600mg, администрирана во облик на еднократна ударна доза, во комбинација со ацетилсалицилна киселина во доза од 75 - 325 mg. 
Акутен миокарден инфаркт со ЅТ-сегмент елевација
  • Препорачана почетна доза на clopidogrel е 300mg, која се администрира во облик на еднократна ударна доза, која е проследена со доза на одржување од 75mg clopidogrel
Перкутана коронарна интервенција
  • Препорачана почетна доза на clopidogrel е 600mg, администрирана во облик на еднократна ударна доза, проследена со доза на одржување од 75mg clopidogrel дневно, во комбинација со 75 - 100mg ацетилсалицилна киселина дневно.
Умерена до високо-ризична транзиторна исхемична атака или мал исхемичен мозочен инсулт
  • Препорачана почетна доза на clopidogrel e 300mg, администрирана во облик на еднократна ударна доза, проследена со доза на одржување од 75mg clopidogrel дневно, во комбинација со 75 - 100 mg ацетилсалицилна киселина дневно.
Атријална фибрилација
  • Препорачана еднократна дневна доза на clopidogrel e 75mg.
  • Хиперсензитивност кон clopidogrel;
  • Тешко нарушување на хепаталната функција; 
  • Активна патолошка хеморагија, како пептичен улкус или интракранијална хеморагија.
Варфарин
  • Истовремената употреба на clopidogrel со варфарин може да го зголеми ризикот од појава на крварење.
Хепарин
  • Истовремената употреба на clopidogrel со хепарин може да го зголеми ризикот од појава на крварење.
НСАИЛи
  • Истовремената употреба на clopidogrel со НСАИЛи може да го зголеми ризикот од појава на крварење.
Селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на clopidogrel со селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање може да го зголеми ризикот од појава на крварење.
Индуктори на CYP450 2C19
  • Истовремената употреба на clopidogrel со индуктори на CYP450 2C19 може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на активниот метаболит на clopidogrel.
Инхибитори на CYP450 2C19
  • Истовремената употреба на clopidogrel со инхибитори на CYP450 2C19 може да резултира со намалување на плазматската концентрација на активниот метаболит на clopidogrel.
Репаглинид
  • Истовремената употреба на clopidogrel со репаглинид може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на репаглинид.
Опиоидни агонисти
  • Истовремената употреба на clopidogrel со опиоидни агонисти може да резултира со намалување на апсорпцијата на clopidogrel.
Росувастатин
  • Истовремената употреба на clopidogrel со росувастатин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на росувастатин.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на clopidogrel за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со clopidogrel.

Нема влијание. 

Многу чести

/

Помалку чести
  • Тромбоцитопенија, леукопенија, еозинофилија, интракранијална хеморагија, главоболка, парестезија, вртоглавица, конјунктивално / окуларно / ретинално крварење, гастричен и дуоденален улкус, гастритис, наузеа, вомитус, констипација, флатуленција, осип, пруритус, пурпура, хематурија, продолжување на времето на крварење, неутропенија, тромбоцитопенија.
Ретки
  • (Тешка) неутропенија, вертиго, ретроперитонеално крварење, гинекомастија.
Многу ретки
  • Тромботична тромбоцитопенична пурпура, апластична анемија, агранулоцитоза, панцитопенија, тешка тромбоцитопенија, стекната хемофилија А, анемија, гранулоцитопенија, Koinus-синдром (вазоспастична алергиска ангина / алергиски миокарден инфаркт), серумска болест, анафилактоидни реакции, вкрстени хипертензивни реакции помеѓу тиенопиридини (како тиклопидин, прасугрел), инсулински автоимун синдром, халуцинации, конфузија, дисгеузија, агеузија, сериозна хеморагија, крварење од оперативни рани, васкулитис, хипотензија, хеморагија на ниво на респираторен систем (хемоптиза, пулмонарна хеморагија), бронхоспазам, интерстицијален пневмонитис, еозинофилна пневмонија, гастроинтестинално и ретроперитонеално крварење со фатален исход, панкреатитис, колитис (улцеративен или лимфоцитен), стоматитис, акутна хепатална инсуфициенција, хепатитис, абнормална хепатална функција, булозен дерматитис (токсична епидермална некролиза, Stevens-Johnson-ов синдром, еритема мултиформе, акутна генерализирана егзантематозна пустулоза), ангиоедем, хиперсензитивен синдром предизвикан од лекот, осип и еозинофилија со системски симптоми, еритематозен или ексфолијативен осип, уртикарија, егзем, лихен планус, мускулно-скелетна хеморагија (хемартроза), артритис, артралгија, мијалгија, гломерулонефритис, зголемување на серумските нивоа на креатинин, треска. 
Чести
  • Хематом, епистакса, гастроинтестинална хеморагија, дијареа, абдоминална болка, диспепсија, модринки, хеморагија на местото на повреда на крвен сад,
Непознато

/

Симптоми
  • Продолжено време на крварење и последователни компликации од хеморагијата.
Третман
  • Трансфузија на тромбоцити и/или други крвни супстанци.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување

ATC код:B01AC04
Генерично име:clopidogrel
Латинично име:Clopidogrel film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:75mg филм обложени таблети
Производител:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Носител на одобрение:АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија