Превенција и терапија на наузеа и вомитус предизвикани од еметогена хемотерапија и од радиотерапија, вклучувајќи и високи дози на цисплатин
Превенција и терапија на постоперативна наузеа и вомитус (ПОНВ)
Превенција и терапија на постоперативна наузеа и вомитус кај деца на возраст ≥ 1 месец
Превенција и терапија на наузеа и вомитус предизвикани од хемотерапија кај деца на возраст ≥ 6 месеци
Ondansetron е потентен високо-селективен антагонист на серотонинергичните 5-НТ3-рецептори, кој делува преку механизам на нивно блокирање, со што се спречува врзување на 5-хидрокситриптаминот за овие рецептори, а со тоа се антагонизира и рефлексот на повраќање кој настанува преку активирање на вагусните аферентни неврони.
Наузеа и вомитус предизвикани од хемотерапија и радиотерапија
- Ondansetron се администрира во облик на бавна интравенска инјекција (не пократко од 30 секунди) или интрамускулна инјекција, непосредно пред почетокот на третманот, проследено со 8mg оndansetron, администриран перорално, на секои 12 часа.
Високо-еметогена хемотерапија
- Една доза од 8mg оndansetron, во облик на бавна интравенска инјекција (не пократко од 30 секунди) или во облик на интрамускулна инјекција, непосредно пред хемотерапијата;
- Една доза од 8mg оndansetron, во облик на бавна интравенска инјекција (не пократко од 30 секунди) или во облик на интрамускулна инјекција во доза од 8mg ondansetron, на растојание од 2 – 4 часа, или преку континуирана интравенска инфузија на 1mg/час до 24 часа. Максимална почетна интравенска доза од 16mg разредена во 50 – 100 mL солен раствор или друга компатибилна инфузиона течност.
Педијатриска популацијаДозата на ondansetron може да се пресмета врз основа на телесната површина или на телесната тежина на пациентот.
- Ondansetron се раствора во 5% декстроза или 0,6% физиолошки раствор на NaCl или други компатибилни течности за инфузија, а потоа и да се администрира интравенски, во период не пократок од 15 минути;
- Ondansetron се администрира непосредно пред хемотерапија, во облик на единечна интравенска доза од 5 mg/m2 (табела 1.). Eдинечната интравенска доза не смее да надмине 8mg ondansetron, а вкупната доза во текот на 24 часа, дадена во поделени дози, не смее да надмине 32mg;
Табела 1. Дозирање на ondansetron врз основа на телесната површина на пациентите на возраст ≥ 6 месеци
Телесна површина
|
Ден 1
|
Ден 2 - 6
|
< 0,6 m2
|
5 mg/m2 и.в. + 2mg орално по 12 часа
|
2mg орално на секои 12 часа
|
≥ 0,6 m2
|
5 mg/m2 и.в. + 4mg орално по 12 часа
|
4mg орално на секои 12 часа
|
>1,2 m2
|
5 mg/m2 и.в. + 8g орално по 12 часа
|
8mg орално на секои 12 часа
|
- Дозирањето на ondansetron во однос на телесната тежина на пациентот резултира со повисока вкупна дневна доза во споредба со дозирањето базирано на телесната површина на пациентот (табела 2.);
Табела 2. Дозирање на ondansetron врз основа на телесната тежина на пациентите на возраст ≥ 6 месеци
Телесна тежина
|
Ден 1
|
Ден 2 - 6
|
≤ 10 kg
|
До 3 дози од 0,15 mg/kg на секои 4 часа
|
2mg орално на секои 12 часа
|
>10 kg
|
До 3 дози од 0,15 mg/kg на секои 4 часа
|
4mg орално на секои 12 часа
|
Повозрасни пациенти (≥ 65 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Препорачливо е намалување на дозата на ondansetron.
Постоперативна наузеа и вомитус
- Препорачана доза на ondansetron е 4mg, администрирана интрамускулно или во облик на бавна интравенска инјекција;
- За спречување на постоперативна наузеа и вомитус кај педијатриски пациенти кај кои се изведува хируршки зафат под општа анестезија, се администрира единечна доза на ondansetron со бавна интравенска инјекција (не пократко од 30 секунди) во доза од 0,1 mg/kg до максимум 4mg или пред, за време на или по индукција на анестезијата.
- Повозрасни пациенти (≥ 65 години) – не е потребно прилагодување на дозата.
- Пациенти со ренално оштетување – не е потребно прилагодување на дозата.
- Пациенти со хепатално оштетување – препорачливо е намалување на дозата на ondansetron.
Компатибилност со други лековиOndansetron инјекција може да се администрира преку интравенска инфузија со користење на 0,9% физиолошки раствор на NaCl и 5% декстроза; следниве лекови може да се администрираат преку Y-страната од сетот за администрација на ondansetron инјекција во концентрации од 60 – 160 µg/mL:
- Цисплатин – концентрации од 0,48 mg/mL се администрираат во тек на 1 – 8 часа;
- Карбоплатин – концентрации во опсег од 0,18 – 9,9 mg/mL се администрираат во период подолго од 10 минути до 1 час;
- Етопозид – концентрации во опсег од 0,14 – 0,25 mg/mL се администрираат во период подолго од 30 минути до 1 час;
- Цефтазидим – дози во опсег од 250 – 2000 mg реконституирани со aqua pro injectionem (на пр. 2mL за 250mg и 10mL за 2000mg) се администрираат во облик на интравенски болус во период од околу 5 минути;
- Циклофосфамид – дози во опсег од 100mg – 1000mg, реконституирани со aqua pro injectionem (5mL за 100mg циклофосфамид) се администрираат во облик на интравенски болус во период од околу 5 минути;
- Доксорубицин – дози во опсег од 10 – 100 mg реконституирани со aqua pro injectionem (5mL за 10mg доксорубицин) се администрираат во облик на интравенски болус во период од околу 5 минути.
Оndansetron може да се зема со или без храна.
Жените во репродукција за време на спроведувањето на третманот со ondansetron потребно е да спроведуваат соодветна контрацептивна терапија.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.