Примарна хиперхолестеролемија тип IIa
Превенција на кардиоваскуларни настани
Хетерозиготна фамилијарна хиперхолестеролемија
Мешана дислипидемија тип IIb
Rosuvastatin претставува лек од групата на статини - инхибитори на HMG-CoA-редуктаза, ензим кој е вклучен во конверзијата на HMG-СоА во мевалонат, имено еден од првите чекори во синтезата на ендогениот холестерол. Rosuvastatin делува директно на хепатално ниво, каде ја намалува хепаталната концентрација на холестеролот, а тоа резултира со стимулација на LDL-рецепторите, односно се зголемува хепаталното ре-преземање на LDL-холестеролот, со што се намалуваат неговите серумски нивоа. Дополнително, rosuvastatin ја инхибира хепаталната синтеза на VLDL.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Може да се пристапи и кон примена на активен јаглен и да се спроведе гастрична лавања.
Во случај на тешка брадикардија, се препорачува примена на атропин.
Поради можност од појава на вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.