Големо депресивно нарушување
Превенција на релапс на големи епизоди на депресија
Генерализирано анскиозно нарушување
Социјално анксиозно нарушување / социјални фобии
Панично растројство, со или без агoрaфобија
Venlafaxine претставува селективен инхибитор на повторното ре-преземање на серотонин и на норепинефрин од страна на кореспондирачките рецептори сместени во пресинаптичките неврони. Како резултат на тоа, серотонин и норепинефрин остануваат сконцентрирани во синапсата и се врзуваат за своите кореспондирачки рецептори сместени во пост-синаптичките неврони.
Поради можност од нарушување на моторните способности, нарушување на расудувањето и на мислењето, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.