Лек: Карбоплатин "EБЕВЕ"

  • ATC код:L01XA02
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:150mg / 15mL концентрат за раствор за инфузија
Напреден оваријален карцином од епително потекло
Ситно-клеточен карцином на белите дробови

Carboplatin претставува антинеопластичен алкилирачки агенс кој делува преку механизам на прикачување на алкил-групите за DNA-нуклеотидите, што резултира со фрагментација на DNA-молекулот на канцер-клетката, со неможност на репарирачките ензими да ја поправат грешката во структурата на DNA. Ова резултира со инхибиција на синтеза на DNA, RNA и протеини и апоптоза на брзо-растечките канцер-клетки.

Препорачана доза на carboplatin е 400 mg/m2, администрирана во облик на еднократна интравенска инфузија, во времетраење од 15 - 60 минути.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување

Табела 2. Прилагодување на дозата на carboplatin врз основа на креатинин клиренсот 

Базален креатинин клиренс (mL/min)

Почетна доза (ден 1)

41 – 59

250 mg/m2

16 – 40

200 mg/m2

Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
Прилагодување на дозата

Табела 1. Прилагодување на дозата на carboplatin

Таргет AUC

Планирана хемотерапија

Статус на третманот на пациентот

5 – 7 mg/mL/min

Carboplatin монотерапија

Нетретирани

4 – 6 mg/mL/min

Carboplatin монотерапија

Третирани

4 – 6 mg/mL/min

Carboplatin + циклофосфамид

Нетретирани

  • Хиперсензитивност кон carboplatin;
  • Тешка миелосупресија; 
  • Тешки ренални оштетувања; 
  • Пацеинти со тумори кои крварат; 
  • Истовремена употреба со вакцина против жолта треска; 
  • Доење.
Вакцина против жолта треска
  • Истовремената употреба на carboplatin со вакцина против жолта треска може да го зголеми ризикот од генерализирана вакцинална мортална болест.
Живи атенуирани вакцини
  • Истовремената употреба на carboplatin со живи атенуирани вакцини може да го зголеми ризикот од појава на системска фатална болест.
Фенитоин, фосфенитоин
  • Истовремената употреба на carboplatin со фенитоин или фосфенитоин може да го зголеми ризикот од егзацербација на конвулзиите, зголемена токсичност или губење на ефикасноста на carboplatin
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на carboplatin со циклоспорин може да резултира со прекумерна имуносупресија со ризик од лимфопролиферација.
Нефротоксични или ототоксични лекови
  • Истовремената употреба на carboplatin со нефротоксични или ототоксични лекови како аминогликозиди, ванкомицин, капреомицин и диуретици може да резултира со потенцирање на нефротоксичните и ототоксичните ефекти.
Диуретици на Хенлеова петелка
  • Истовремената употреба на carboplatin со фуросемид може да резултира со кумулативна нефротоксичност и ототоксичност.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на carboplatin за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со carboplatin

Carboplatin има негативно влијание врз машката и женската репродуктивност. 

Многу чести
  • Тромбоцитопенија, неутропенија, леукопенија, анемија, вомитус, мачнина, абдоминална болка, астенија, намален ренален креатинин клиренс, хиперурикемија, зголемени серумски нивоа на алкална фосфатаза, зголемени серумски нивоа на аспартат аминотрансфераза и аланин аминотранфераза, хипонатриемија, хипокалиемија, хипокалциемија, хипомагнеземија.
Чести
  • Инфекции, хеморагија, реакции на хиперсензитивност, анафилактоидни реакции, периферна невропатија, парестезии, намален остеотендинален рефлекс, сензорни нарушувања, дисгеузија, визуелни нарушувања, губење на видот, ототоксичност, кардиоваскуларни нарушувања, респираторни нарушувања, интерстицијална пулмонарна болест, бронхоспазам, дијареа, опстипација, нарушување на мукозните мембрани, алопеција, нарушувања на кожата, мускулоскелетни нарушувања, урогенитални нарушувања, хипербилирубинемија, зголемени серумски нивоа на креатинин, хиперурикемија.
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Пневмонија, секундарен малигнитет асоциран со третманот, инсуфициенција на коскената срцевина, фебрилна неутропенија, хемолитичко-уремичен синдром, дехидратација, анорексија, синдром на туморска лиза, цереброваскуларни настани, синдром на реверзибилна постериорна леукоенцефалопатија, срцева инсуфициенција, емболизам, хипертензија, хипотензија, стоматитис, панкреатитис, уртикарија, раш, еритема, пруритус, некроза на местото на инјектирање, реакции на местото на инјектирање, екстравазација на местото на инјектирање, еритем на местото на инјектирање, малаксаност.
Симптоми
  • Миелосупресија, ренално оштетување, хепатотоксичност, ототоксичност, губење на видот, алопеција. 
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на мачнина, наузеа, вомитус, визуелни нарушувања и ототоксичност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01XA02
Генерично име:carboplatin
Латинично име:Carboplatin concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:150mg / 15mL концентрат за раствор за инфузија
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:EBEWE Pharma Ges.m.b.H. Nfg.KG, Унтерах, Австрија