Лек: Абуксар

  • ATC код:M04AA03
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:80mg филм-обложени таблети
Третман на хронична хиперурикемија во случаи кадешто веќе настанало создавање на депозити на урати (вклучително историја или присуство на тофус или гихт-артритис)
Превенција и третман на хиперурикемија кај возрасни пациенти подложени на хемотерапија за хематолошки малигноми при среден до висок ризик од туморолизирачки синдром (TLS)

Процесот на синтеза на урична киселина од пурин протекува на следниот начин: хипоксантин → ксантин → урична киселина; овие трансформации се катализирани од страна на ксантин оксидазата. Febuxostat е непурински 2-арилтиазол дериват кој го постигнува својот терапевтски ефект на намалување на нивото на урична киселина преку механизам на селективно инхибирање на оксидираниот и редуцираниот облик на ксантин оксидазата – ензим кој ја катализира конверзијата на пуринот во урична киселина, како резултат на што доаѓа до намалување на серумските нивоа на уричната киселина.

Febuxostat се зема орално, со или без храна.

ГИХТ
  • Препорачаната орална доза на febuxostat изнесува 80mg, еднаш дневно, без оглед на внесувањето на храната;
  • Доколку серумската концентрација на мочната киселина е > 6mg/dL (357µmol/L) по 2-4 недели, треба да се земе предвид употребата на febuxostat 120mg, еднаш дневно. Febuxostat делува доста брзо, со што се овозможува ретестирање на серумската концентрација на мочната киселина две недели од почетокот на земањето на лекот. Целта на терапијата е да се намали и да се одржува серумската концентрација на мочната киселина под 6mg/dL (357µmol/L);
  • Се препорачува профилакса на влошувањето на гихтот во период од најмалку 6 месеци.
Туморолизирачки синдром (TLS)
  • Препорачаната орална доза на febuxostat е 120mg, еднаш дневно, без оглед на храната;
  • Febuxostat треба да се започне два дена пред почетокот на цитотоксичната терапија и да продолжи најмалку 7 дена; сепак, третманот може да продолжи до 9 дена според времетраењето на хемотерапијата според клиничка проценка.
Посебни популации
Повозрасни пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
  • Ефикасноста и безбедноста од употребата на febuxostat не е целосно евалуирана кај пациенти со тешко нарушување на реналната функција (креатинин клиренс < 30mL/min);
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со благо или умерено оштетување на реналната функција.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Ефикасноста и безбедноста од употребата на febuxostat не е испитувана кај пациенти со тешко со тешко нарушување на хепаталната функција (Child-Pugh резултат – класа С);
  • ГИХТ: Препорачаната доза кај пациенти со лесна хепатална инсуфициенција е 80mg; ограничени информации се достапни кај пациенти со умерено хепатално оштетување;
  • Туморолизирачки синдром: не е потребно прилагодување на дозата кај пациентите врз основа на хепаталната функција.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон febuxostat.
Меркаптопурин / азатиоприн
  • Земајќи го предвид механизмот на дејство на febuxostat – имено, инхибиција на ксантин оксидазата, не се препорачува негова истовремена употреба со меркаптопурин и/или азатиоприн, бидејќи може да доведе до покачување на плазматските концентрации на овие лекови, а тоа може да резултира со манифестација на токсични ефекти.
Цитотоксични агенси, хемотерапија, моноклонални антитела
Розиглитазон / CYP2C8-супстрати
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Теофилин
  • Интеракцијата е дозно-зависна, односно, не се јавува кога febuxostat се администрира во дози од 80mg, но нема достапни податоци за интеракција помеѓу овие лекови кога febuxostat се администрира во дози од 120mg.
Напроксен и други инхибитори на глукуронидација
  • Не е потребно прилагодување на дозата.

Индуктори на глукуронидација
  • Силните индуктори на UGT-ензимите може да доведат до зголемување на метаболизмот и последователно намалување на ефикасноста на febuxostat; се препорачува следење на серумските нивоа на мочната киселина 1-2 недели од започнувањето на третманот со силен индуктор на глукуронидација. Прекинот на третманот со индукторот на глукуронидација може да доведе до зголемување на серумските нивоа на febuxostat.
Колхицин / индометацин / хидрохлортиазид / варфарин
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Десипрамин / CYP2D6-супстрати
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Антациди (магнезиум или алуминиум хидроксид)
  • Истовремената употреба на магнезиум хидроксид и алуминиум хидроксид ја одложува апсорпцијата на febuxostat за околу 1 час и предизвикува намалување на неговата максимална плазматска концентрација, но не предизвикува значителна промена на вредноста за AUC, поради што не е потребно прилагодување на дозата.

Нема влијание.

Бременост
  • Febuxostat не треба да се употребува за време на бременост.
Доење
  • Febuxostat не треба да се употребува за време на доење.

Ефектот на febuxostat врз репродуктивноста кај луѓето е непознат.

Чести
  • Влошување на гихтот, главоболка, дијареа, мачнина, абнормална хепатална функција, осип, едем.
Помалку чести
  • Покачени серумски нивоа на TSH, дијабетес мелитус, хиперлипидемија, намалување на апетитот, обезност, намалување на либидото, инсомнија, вртоглавица, парестезија, хемипареза, сонливост, промена на вкусот, хипоестезија, хипосмија, атријална фибрилација, палпитација, абнормално ЕКГ, блок на гранките на левиот сноп, синус тахикардија, хипертензија, црвенило на лицето, напади на топлина, хеморагија, диспнеа, бронхитис, инфекции на горен респираторен тракт, кашлица, абдоминална болка, абдоминална надуеност, GERD, повраќање, сува уста, диспепсија, констипација, дијареа, флатуленција, гастроинтестинални пречки, холелитијаза, дерматитис, уртикарија, пруритус, промена на бојата на кожата, лезии на кожата, петехии, макуларен осип, макуло-папуларен осип, папуларен осип, артралгија, артритис, мијалгија, мускуло-скелетна болка, мускулна слабост, грчеви во мускулите, стегнатост на мускулите, брузитис, ренална инсуфициенција, нефролитијаза, хематурија, полакиурија, протеинурија, еректилна дисфункција, истоштеност, болка и нелагодност во градите, зголемени серумски нивоа на амилаза, тромбоцитопенија, леукопенија, лимфоцитопенија, зголемување на серумските нивоа на креатинин, намален хемоглобин, зголемување на серумските нивоа на уреа, хипертриглицеридемија, хиперхолестеролемија, намалување на хематокритот, зголемување на серумските нивоа на лактат дехидрогеназа, хиперкалиемија.
Ретки
  • Панцитопенија, тромбоцитопенија, агранулоцитоза, анафилактична реакција, хиперсензитивност кон фебуксостатот, заматен вид, намалување на телесната тежина, зголемување на апетитот, анорексија, нервоза, тинитус, ненадејна срцева смрт, панкреатитис, улцерации во устата, хепатитис, жолтица, хепатално оштетување, токсична епидермална некролиза, Stevens-Johnson-ов синдром, ангиоедем, реакција на лекот со еозинофилија и системски симптоми, генерализиран (сериозен) осип, еритем, ексфолијативен осип, фоликуларен осип, везикуларен осип, пустуларен осип, пруритичен осип, еритематозен осип, морбилиформен осип, алопеција, хиперхидроза, рабдомиолиза, вкочанетост на зглобовите, вкочанетост во мускулите и коските, тубулоинтерстицијален нефритис, нагон за мокрење, жед, хипергликемија, продолжено aPTT, еритроцитопенија, зголемени серумски нивоа на алкална фосфатаза, зголемување на серумските нивоа на креатинин фосфокиназа.
Многу чести

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Пациентите со предозираност се третираат со симптоматска и супортивна терапија.

Со оглед на тоа што е забележана појава на сонливост, вртоглавица, парестезија и заматен вид, потребна е претпазливост при управување со моторно возило и машина или пред учество во опасни активности.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M04AA03
Генерично име:febuxostat
Латинично име:Febuxostat film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:80mg филм-обложени таблети
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска
aminophylline
Умерена
asparaginase erwinia chrysanthemi
Умерена
asparaginase escherichia coli
Умерена
azathioprine
Сериозна
bedaquiline
Умерена
black cohosh
Умерена
brentuximab
Умерена
calaspargase pegol
Умерена
cannabidiol
Умерена
clofarabine
Умерена
daclizumab
Умерена
dyphylline
Умерена
efavirenz
Умерена
epirubicin
Умерена
etranacogene dezaparvovec
Умерена
fidanacogene elaparvovec
Умерена
idelalisib
Умерена
interferon beta-1a
Умерена
interferon beta-1b
Умерена
isoniazid
Умерена
ketoconazole
Сериозна
leflunomide
Сериозна
levoketoconazole
Сериозна
lomitapide
Сериозна
mercaptopurine
Сериозна
methotrexate
Умерена
mipomersen
Сериозна
naltrexone
Умерена
oxtriphylline
Умерена
pegaspargase
Умерена
peginterferon beta-1a
Умерена
pegloticase
Сериозна
pexidartinib
Сериозна
remdesivir
Умерена
rosuvastatin
Сериозна
seladelpar
Умерена
teriflunomide
Сериозна
theophylline
Умерена
thioguanine
Умерена
trabectedin
Умерена
valoctocogene roxaparvovec
Умерена