Xylometazoline hydrochloride претставува симпатомиметик кој стимулативно делува на ниво на α-адренергичните рецептори сместени во артериолите на назалната мукоза. Деконгестантниот ефект настанува како резултат на констрикција на крвните садови во носот. Вазоконстрикторниот ефект настанува за 5 – 10 минути и трае 6 – 8 часа.
Препорачана доза на xylometazoline e 1 - 2 прскања во секоја ноздрва, до трипати во текот на денот (на 8 часа).
Пред првата употреба на спрејот, потребно е неколкупати (4 пати) да се притисне пумпицата на спрејот во празно, како би се постигнало испорачување на воедначена доза.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.