Симптоматски третман на патолошка анксиозност и стрес, како и панични нарушувања, со или без фобија
Превенција или терапија на панични напади и фобии кај пациенти со агорафобија асоцирана со панични напади
Alprazolam претставува лек од групата на бензодиазепини кој покажува висок афинитет за врзување со бензодиазепинските рецептори во мозокот; ја олеснува инхибиторната невротрансмитерска активност на γ-аминобутерната киселина (GABA) која е посредник при пресинаптичката и пост-синаптичката инхибиција во централниот нервен систем.
Анксиозност Препорачана почетна доза на alprazolam е 1mg дневно, администрирана одеднаш или поделена во две дози.
По потреба, дозата може да се зголеми до вкупна дневна доза од 4mg, администрирана одеднаш или поделена во две дози.
Постари пациенти и пациенти со ренални / хепатални нарушувања
- Препорачана почетна доза на alprazolam е 0,5mg – 1mg, администрирана одеднаш или поделена во две дози;
- Препорачана доза на alprazolam е 0,5mg – 1mg дневно; по потреба, дозата може постепено да се зголемува.
Панични нарушувањаПрепорачана почетна доза на alprazolam е 0,5mg – 1mg, администрирана пред спиење.
Препорачана доза на alprazolam е 3mg – 6mg дневно, администрирана во две дози; по потреба, дозата може да се зголемува за најмногу 1mg на секои 3 – 4 часа.
Постари пациенти и пациенти со ренални / хепатални нарушувања
- Препорачана почетна доза на alprazolam е 0,5mg – 1mg дневно, поделена во две дози;
- Препорачана доза на alprazolam е 0,5mg – 1mg дневно; по потреба, дозата може постепено да се зголемува.
Педијатриска популација
- Нема податоци кои се однесуваат на безбедноста од употребата на alprazolam кај деца и адолесценти на возраст под 18 години.
Alprazolam предизвикува седација, амнезија, нарушување на концентрацијата и мускулна слабост, што може да ја намали способноста за возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.