Haloperidol претставува антипсихотик од групата на бутирофенони и потентен антагонист на допаминергичните D2-рецептори; haloperidol ги супримира халуцинациите кои се јавуваат како директна последица на блокирањето на допаминергичната сигнализација во мезолимбичниот систем. Дополнително, haloperidol врши компетитивна инхибиција на пост-синаптичките допаминергични рецептори во мозокот, со што ја елиминира допаминергичната невротрансмиција и резултира со супресија на психотичните настани.
Препорачана доза на haloperidol е 25 - 150 mg дневно.
Временскиот интервал помеѓу дозите е 4 недели.
Посебни популацииПостари пациенти
- Препорачана доза на haloperidol e 12,5 - 25mg.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со сериозно ренално оштетување.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на haloperidol кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Треба да се избегнува конзумирање на алкохолни пијалоци и масло од кантарион во тек на третман со халоперидол.
Haloperidol може да предизвика хиперпролактинемија, што резултира со инхибиција на репродуктивната функција преку нарушување на гонадалната стероидосинтеза кај мажи и кај жени.
Халоперидолот има умерено влијание врз способноста за возење и за ракување со машини. Се препорачува пациентите да не возат и да не ракуваат машни за време на терапијата, се додека не се утврди нивната чувствителност.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.