Возрасни пациенти Шизофренија и шизоафективно нарушување
Акутен третман на делириум
Умерени до тешки манични епизоди асоцирани со биполарно растројство
Акутна психомоторна агитација асоцирана со психотично растројство или манични епизоди на биполарно растројство
Третман на перзистентна агресија и психотични симптоми
- Применливо кај пациенти со умерена до тешка Алцхајмерова деменција и васкуларна деменција.
Терапија на нарушувања на тикот и Tourette-синдром
Блага до умерена хореа кај Хантингтонова болест
Педијатриски пациентиШизофренија кај адолесценти на возраст 13 - 17 години
Перзистентна тешка агресија
- Применливо кај деца и адолесценти на возраст 6 - 17 години со аутизам или распространети развојни нарушувања.
Терапија на нарушувања на тикот и Tourette-синдром
- Применливо кај деца и адолесценти на возраст 10 - 17 години.
Haloperidol претставува антипсихотик од групата на бутирофенони и потентен антагонист на допаминергичните D2-рецептори; haloperidol ги супримира халуцинациите кои се јавуваат како директна последица на блокирањето на допаминергичната сигнализација во мезолимбичниот систем. Дополнително, haloperidol врши компетитивна инхибиција на пост-синаптичките допаминергични рецептори во мозокот, со што ја елиминира допаминергичната невротрансмиција и резултира со супресија на психотичните настани.
Haloperidol може да предизвика хиперпролактинемија, што резултира со инхибиција на репродуктивната функција преку нарушување на гонадалната стероидосинтеза кај мажи и кај жени.
Халоперидолот има умерено влијание врз способноста за возење и за ракување со машини. Се препорачува пациентите да не возат и да не ракуваат машни за време на терапијата, се додека не се утврди нивната чувствителност.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.