Лек: Нивестим

  • ATC код:L03AA02
  • Компанија:ЦАРСО ПХАРМА ДООЕЛ
  • Доза:480mcg / 0,5mL раствор за инјекција / инфузија
Намалување на времетраењето на неутропенијата и инциденцата на фебрилна неутропенија
  • Применливо кај пациенти кои примаат цитотоксична хемотерапија за третман на малигнитет, со исклучок на хронична миелоидна леукемија и миелодиспластичен синдром.
Намалување на времетраењето на неутропенија кај пациенти подложни на миелоаблативна терапија проследена со трансплантација на коскена срцевина
Мобилизација на матичните клетки од периферната циркулација
Тешка конгенитална - циклична или идиопатска - неутропенија
  • Применливо при број на неутрофили ≤ 0,5 * 10^9/L.
Перзистентна неутропенија кај пациенти со инфекција предизвикана од хуман вирус на имунодефициенција (HIV-1)

Filgrastim претставува кратко-делувачки рекомбинантен фактор на стимулација на гранулоцитната колона (G-CSF) кој ги имитира дејствата на ендогениот хуман G-CSF и го олеснува ослободувањето на неутрофилите од коскената срцевина директно во системската циркулација, со цел редукција на инциденцата од инфекции и неутропенија. Ендогениот хуман G-CSF делува преку механизам на врзување за специфични клеточно-површински рецептори на површината на хематопоетските клетки со цел стимулација на пролиферација, диференцијација и зреење на неутрофилните прогениторни клетки.

Пациенти кои примаат цитотоксична хемотерапија
  • Препорачана доза на filgrastim е 0,5 MIU (5mcg)/kg телесна тежина дневно, администрирана во облик на секојдневна супкутана инјекција или како секојдневна интравенска инфузија во времетраење од 30 минути.
Пациенти со пресадена коскена срцевина и претходна миелоаблативна терапија
  • Препорачана доза на filgrastim е 1,0 MIU (10mcg)/kg телесна тежина дневно, администрирана во облик на интравенска инфузија во времетраење од 30 минути или како континуирана супкутана инјекција.

Табела 1. Прилагодување на дозата 

Вкупен број на неутрофили

Прилагодување на дозата

>1,0 * 10^9/L во текот на 3 последователни дена

Намалување на дозата на 0,5 MIU (5mcg)/kg телесна тежина дневно

>1,0 * 10^9/L во текот на најмалку 3 последователни дена

Прекин на терапијата

Мобилизација на прогениторните клетки од периферниот проток (PBPCs)
  • Препорачана доза на filgrastim за мобилизација на прогениторните клетки од периферната крв (РВРС) кај пациенти кај кои се врши трансплантација на автологни прогениторни клетки од периферната крв по претходна миелосупресивна и миелоаблативна терапија е 1,0 MIU (10mcg)/kg телесна тежина дневно, администрирана во облик на супкутана континуирана инфузија во времетраење од 24 часа или како супкутана инјекција, во тек на 5 - 7 последователни дена; 
  • Препорачаната доза на filgrastim за мобилизација на прогениторните клетки од периферната крв (РВРС) по миелосупресивна хемотерапија е 0,5 МIU (5mcg)/kg телесна тежина дневно, од првиот ден по завршувањето на хемотерапијата па се' додека не се надмине очекуваниот праг за бројот на неутрофили и додека не се нормализира нивниот број.
Мобилизација на прогениторните клетки од периферната крв кај нормални донатори пред трансплантација на алогени прогениторни клетки од периферната крв
  • Препорачана доза на filgrastim e 1,0 MIU (10mcg)/kg телесна тежина дневно, администрирана во облик на супкутана инјекција, во тек на 4 - 5 последователни дена. 
Пациенти со тешка хронична неутропенија (SCN)
Прилагодување на дозата
Конгенитална неутропенија
  • Препорачана почетна доза на filgrastim е 1,2 MIU (12mcg)/kg телесна тежина дневно, администрирана како поединична или поделена доза.
Идиопатска или циклична неутропенија
  • Препорачана почетна доза на filgrastim е 0,5 MIU (5mcg)/kg телесна тежина дневно, администрирана како поединична или поделена доза.
Пациенти со ХИВ-инфекција
  • Препорачана почетна доза на filgrastim за коригирање на неутропенијата е 0,1 MIU (1mcg)/kg телесна тежина дневно, со можност за титрирање до максимум 0,4 MIU (4mcg)/kg телесна тежина дневно.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
  • Хиперсензитивност кон filgrastim.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на filgrastim за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со filgrastim.

Нема податоци.

Онколошки пациенти
Многу чести
  • Зголемени серумски нивоа на алкална фосфатаза, наузеа, вомитус, зголемени серумски нивоа на гама-глутамилтрансфераза, градна болка, артралгија и мијалгија.
Чести
  • Главоболка, кашлица, болка во грлото, опстипација, анорексија, дијареа, мукозитис, алопеција, кожен осип, замор и општа слабост.
Помалку чести
  • Синдром на капиларно истекување, идиопатска болка. 

Ретки
  • Нарушувања на крвните садови, аортитис.

Многу ретки

/

Непознато

/

При мобилизација на прогениторните клетки во периферната крв на здрави донори
Многу чести
  • Леукоцитоза, тромбоцитопенија, главоболка, артралгија, мијалгија.
Чести
  • Зголемени серумски нивоа на алкална фосфатаза и на лактат дехидрогеназа.
Помалку чести
  • Нарушувања на лиенот, хиперурикемија, синдром на капиларно истекување, влошување на симптомите на ревматоиден артритис, силна алергиска реакција. 
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Пациенти со тешка хронична неутропенија
Многу чести
  • Анемија, спленомегалија, хипогликемија, зголемени серумски нивоа на алкална фосфатаза и на лактат дехидрогеназа, хиперурикемија, епистакса, артралгија, мијалгија.
Чести
  • Тромбоцитопенија, главоболка, дијареа, хепатомегалија, алопеција, кожен васкулитис, болка на местото на инјектирање, осип, остеопороза.
Помалку чести
  • Нарушувања на лиенот, хематурија, протеинурија.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Пациенти со ХИВ
Многу чести
  • Артралгија, мијалгија. 
Чести
  • Нарушувања на лиенот. 
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Нема податоци.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L03AA02
Генерично име:filgrastim
Латинично име:Filgrastim solution for injection and infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:480mcg / 0,5mL раствор за инјекција / инфузија
Производител:ЦАРСО ПХАРМА ДООЕЛ
Носител на одобрение:HOSPIRA Zagreb d.o.o., Пригорје (Брдовeчко), Хрватска