Шизофренија
Биполарно растројствоТретман на умерени до тешки манични епизоди при биполарно растројство
Третман на мајорни депресивни епизоди при биполарно растројство
Превенција на релапс на манични или депресивни епизоди на билопарно растројство
Quetiapine претставува атипичен антипсихотичен агенс кој поседува афинитет за серотонинергичните (5НТ2) и допаминергичните D1- и D2- рецептори во мозокот. Оваа комбинација на рецепторен антагонизам со повисока селективност за 5НТ2 во однос на D2-рецепторите придонесува за подобрување на клиничките антипсихотични својства и пониската стапка на несаканите екстрапирамидални ефекти на quetiapine во споредба со типичниге антипсихотици. Quetiapine исто така има висок афинитет кон хистаминергичните и α1-адренергичните рецептори и умерен афинитет кон α2-адренергичните рецептори.
Не се препорачува возење или управување со машини за време на спроведување на терапија со quetiapine.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.