Лек: Кју-Пин

  • ATC код:N05AH04
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:200mg филм-обложени таблети
Шизофренија
Биполарно растројство
Третман на умерени до тешки манични епизоди при биполарно растројство
Третман на мајорни депресивни епизоди при биполарно растројство
Превенција на релапс на манични или депресивни епизоди на билопарно растројство

Quetiapine претставува атипичен антипсихотичен агенс кој поседува афинитет за серотонинергичните (5НТ2) и допаминергичните D1- и D2- рецептори во мозокот. Оваа комбинација на рецепторен антагонизам со повисока селективност за 5НТ2 во однос на D2-рецепторите придонесува за подобрување на клиничките антипсихотични својства и пониската стапка на несаканите екстрапирамидални ефекти на quetiapine во споредба со типичниге антипсихотици. Quetiapine исто така има висок афинитет кон хистаминергичните и α1-адренергичните рецептори и умерен афинитет кон α2-адренергичните рецептори.

Посебни популации
Пациенти со хепатално оштетување
  • Препорачана почетна доза на quetiapine кај пациенти со нарушена хепатална функција е 25mg дневно, со можност за зголемување на дозата за 25 - 50 mg на дневно ниво.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на quetiapine кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Шизофренија
  • За третман на шизофренија, quetiapine се администрира двапати дневно, односно на 12 часа; вкупната дневна доза за првите 4 дена од третманот е: 50mg (првиот ден), 100mg (вториот ден), 200mg (третиот ден) и 300mg (четвртиот ден); 
  • Од четвртиот ден па натаму, се препорачува примена на доза од 300 - 450 mg дневно. 
Третман на умерени до тешки манични епизоди при биполарно растројство
  • За третман на умерени до тешки манични епизоди при биполарно растројство, quetiapine се администрира двапати дневно, односно на 12 часа; вкупната дневна доза за првите 4 дена од третманот е: 100mg (првиот ден), 200mg (вториот ден), 300mg (третиот ден) и 400mg (четвртиот ден); 
  • Од четвртиот ден па натаму, се препорачува примена на доза од 400 - 800 mg дневно.
Третман на мајорни депресивни епизоди при биполарно растројство
  • За третман на мајорни депресивни епизоди при биполарно растројство, quetiapine се администрира еднаш дневно (пред спиење); вкупната дневна доза за првите 4 дена од третманот е: 50mg (првиот ден), 100mg (вториот ден), 200mg (третиот ден) и 300mg (четвртиот ден); 
  • Од четвртиот ден па натаму, се препорачува примена на доза од 300mg дневно.
Превенција на релапс на манични или депресивни епизоди на билопарно растројство
  • За превенција на релапс на манични или депресивни епизоди на биполарно растројство, се препорачува примена на доза на quetiapine од 300 - 800 mg, администрирана на секои 12 часа.
  • Хиперсензитивност кон quetiapine
  • Истовремена употреба на инхибитори на CYP450 3A4 (инхибитори на HIV-протеаза, азолни антимикотици, еритромицин, кларитромицин, нефазодон).
Алкохол и лекови со централно дејство
  • Истовремената употреба на quetiapine со лекови со централно дејство или алкохол може да резултира со потенцирање на несаканите ефекти на ниво на CNS. 
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на quetiapine со инхибитори на CYP450 3A4 може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на quetiapine.
Карбамазепин
  • Истовремената употреба на quetiapine со карбамазепин може да резултира со зголемување на клиренсот на quetiapine.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на quetiapine со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на quetiapine.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на quetiapine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со quetiapine.

Нема податоци.

Многу чести
  • Намалено ниво на хемоглобин, хипертриглицеридемија, хиперхолестеролемија, обезност, намалени серумски нивоа на HDL-холестерол, вертиго, сомноленција, главоболка, екстрапирамидални симптоми, сува уста, хиперпролактинемија, зголемен апетит, хипертензија, вомитус.
Чести
  • Леукопенија, неутропенија, еозинофилија, хиперпролактинемија, хипотироидизам, намалени серумски нивоа на слободен Т4 и вкупен Т3, зголемени серумски нивоа на TSH, зголемен апетит, хипергликемија, невообичаени сонови и кошмари, суицидни идеи и суицидно однесување, дизартрија, тахикардија, палпитации, заматен вид, ортостатска хипотензија, диспнеа, констипација, диспепсија, вомитус, зголемени серумски нивоа на аланин аминотрансфераза и гама-глутамилтрансфераза, блага астенија, периферен едем, раздразливост, пирексија, синкопа, ринитис, раздразливост. 
Помалку чести
  • Неутропенија, тромбоцитопенија, анемија, хиперсензитивност и алергиски кожни реакции, намалени серумски нивоа на слободен Т3, хипонатриемија, диабетес мелитус, егзацербација на постоечки диабетес мелитус, напади, синдром на немирни нозе, тардивна дискинезија, синкопа, брадикардија, продолжување на QT-интервалот, ринитис, дисфагија, зголемени серумски нивоа на аспартат аминотрансфераза, уринарна ретенција, сексуална дисфункција.
Ретки
  • Агранулоцитоза, метаболичен синдром, сомнамбулизам, месечарење, нарушена исхрана поврзана со спиењето, зборување во сон, венски тромбоемболизам, панкреатитис, интестинална опструкција, илеус, иктерус, хепатитис, пријапизам, галактореа, едем на градите, менструални нарушувања, невролептичен малиген синдром, хипотермија, зголемени серумски нивоа на креатин фосфокиназа.
Многу ретки
  • Анафилактичка реакција, намалена секреција на ADH, ангиоедем, Stevens-Johnson-ов синдром, рабдомиолиза.
Непознато
  • Кардиомиопатија, миокардитис, мозочен удар, токсична епидермална некролиза, еритема мултиформе, осип со еозинофилија и системски симптоми, кожен васкулитис, синдром на повлекување на лек кај новороденчиња.
Симптоми
  • Поспаност, седација, тахикардија, хипотензија, антихолинергични дејства, продолжување на QT-интервалот, статус епилептикус, рабдомиолиза, респираторна депресија, уринарна ретенција, конфузија, делириум и/или агитација, кома и смрт. 
Третман
  • Администрација на 1 - 2 mg на физостигмин за третман на агитација и делириум; 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Не се препорачува возење или управување со машини за време на спроведување на терапија со quetiapine.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N05AH04
Генерично име:quetiapine
Латинично име:Quetiapine film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:200mg филм-обложени таблети
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска