Третман на инвазивна кандидијаза кај возрасни или педијатриски пациенти
Третман на инвазивна аспергилоза кај возрасни или педијатриски пациенти која е отпорна или интолерантна кон амфотерицин В и/или итраконазол
Емпириска терапија за претпоставени габични инфекции (Candida или Aspergillus) кај фебрилни, неутропенични, возрасни или педијатриски пациенти
Caspofungin претставува антифунгален агенс кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на ензимот β-(1,3)-D-глукан синтетаза, со што се спречува синтезата на β-(1,3)-D-глукан – есенцијална компонента на клеточниот ѕид на Aspergillus- и Candida- видовите.
По реконституција и разредување, растворот треба да се администрира во облик на бавна интравенска инфузија, во период од приближно 1 час.
Возрасни пациенти
- Првиот ден се администрира ударна доза од 70mg, а потоа се продолжува со 50mg дневно;
- Кај пациенти со телесна тежина поголема од 80kg, по почетната ударна доза од 70mg, се препорачува примена на доза од 70mg caspofungin дневно.
Педијатриски пациенти (од 12 месеци – 17 години)
- Првиот ден се администрира единечна ударна доза од 70mg/m2, а потоа се продолжува со 50mg/m2 дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата на caspofungin кај пациенти со слабо хепатално оштетување;
- За возрасни пациенти со умерено хепатално оштетување, препорачана дневна доза на caspofungin е 35mg; на првиот ден треба да се даде почетна ударна доза од 70mg caspofungin;
- Нема податоци кои се однесуваат на употребата на caspofungin кај пациенти со сериозно хепатално оштетување.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.