Третман на остеопороза кај пост-менопаузални жени со зголемен ризик од фрактури
Ibandronic acid претставува лек од групата на бифосфонати кој делува преку механизам на индукција на апоптоза – програмирана клеточна смрт на хематопоетските малигни клетки по пат на инхибиција на активноста на компонентите од мевалонат-патеката, како што се фарнезил дифосфат синтетаза, фарнезил дифосфат и геранилгеранил дифосфат; овие компоненти се есенцијални за пост-транслациска пренилација на GTP-врзувачките протеини, како што е Rap1. Отсуството на пренилација на овие протеини интерферира со нивната функција, така што, резултира со апоптоза. Дополнително, Ibandronic acid ја активира каспаза-3, што исто така резултира со апоптоза.
Препорачана доза на Ibandronic acid е 150mg, eднаш месечно.
Ibandronic acid таблетите се земаат на ист датум секој месец.
Ibandronic acid се зема по ноќно спиење, по подолг временски период без јадење (најмалку 6 часа), односно 1 час пред првиот оброк или пијалок (освен вода).
Ibandronic acid филм-обложените таблети се земаат исклучително со вода, а пациентите не смеат да легнат 1 час по земањето на соодветната доза.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на Ibandronic acid кај деца и адолесценти на возраст под 18 години.
Пациенти со ренално оштетување
- Не се препорачува употреба на Ibandronic acid кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min;
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пероралната биорасположливост на Ibandronic acid се намалува во присуство на храна, особено со производи кои содржат калциум (вклучително млеко и млечни производи), како и други поливалентни катјони (на пр. алуминиум, магнезиум, железо).
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.