Лек: Алводроник

  • ATC код:M05BA06
  • Компанија:ЗЕНТИВА ПХАРМА Д.О.О.- ПРЕТСТАВНИШТВО
  • Доза:2mg/2mL концентрат за раствор за инфундирање
Третман на остеопороза кај пост-менопаузални жени со зголемен ризик од фрактури

Ibandronic acid претставува лек од групата на бифосфонати кој делува преку механизам на индукција на апоптоза – програмирана клеточна смрт на хематопоетските малигни клетки по пат на инхибиција на активноста на компонентите од мевалонат-патеката, како што се фарнезил дифосфат синтетаза, фарнезил дифосфат и геранилгеранил дифосфат; овие компоненти се есенцијални за пост-транслациска пренилација на GTP-врзувачките протеини, како што е Rap1. Отсуството на пренилација на овие протеини интерферира со нивната функција, така што, резултира со апоптоза. Дополнително, Ibandronic acid ја активира каспаза-3, што исто така резултира со апоптоза. 

Препорачана доза на Ibandronic acid е 3mg, администрирана во облик на интравенска инјекција во тек на 15-30 секунди, на секои 3 месеци, со паралелна суплементација со витамин D и калциум.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на Ibandronic acid кај деца и адолесценти на возраст под 18 години.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не се препорачува употреба на Ibandronic acid кај пациенти со серумски креатинин над 200 μmol/L (2,3 mg/dL), односно кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min;
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон Ibandronic acid;
  • Хипокалциемија.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на Ibandronic acid за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третман со Ibandronic acid.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Главоболка, гастритис, диспепсија, абдоминална болка, мачнина, опстипација, раш, артралгија, мијалгија, мускуло-скелетна болка, болка во грбот, заболување слично на грип, замор.
Помалку чести
  • Егзацербација на астма, флебитис, тромбофлебитис, болка во коските, реакции на местото на инјектирање, астенија.
Ретки
  • Реакции на хиперсензитивност, окуларна инфламација, ангиоедем, лицев едем, уртикарија, атипични субтрохантерични и дијафизеални феморални фрактури.
Многу ретки
  • Анафилактичка реакција, анафилактичен шок, Stevens-Johnson-ов синдром / токсична епидермална некролиза, erythema multiforme, булозен дерматитис, остеонекроза на вилицата, остеонекроза на надворешниот ушен канал.
Непознато

/

Симптоми
  • Хипокалциемија, хипофосфатемија и хипомагнеземија.

Третман
  • Интравенска администрација на калциум глуконат калиум или натриум фосфат, односно магнезиум сулфат.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M05BA06
Генерично име:ibandronic acid
Латинично име:Ibandronic acid (concentrate for) solution for injection and infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:2mg/2mL концентрат за раствор за инфундирање
Производител:ЗЕНТИВА ПХАРМА Д.О.О.- ПРЕТСТАВНИШТВО
Носител на одобрение:PHARMATHEN S.A., Палини/Атики, Грција