Третман на остеопороза кај пост-менопаузални жени со зголемен ризик од фрактури
Ibandronic acid претставува лек од групата на бифосфонати кој делува преку механизам на индукција на апоптоза – програмирана клеточна смрт на хематопоетските малигни клетки по пат на инхибиција на активноста на компонентите од мевалонат-патеката, како што се фарнезил дифосфат синтетаза, фарнезил дифосфат и геранилгеранил дифосфат; овие компоненти се есенцијални за пост-транслациска пренилација на GTP-врзувачките протеини, како што е Rap1. Отсуството на пренилација на овие протеини интерферира со нивната функција, така што, резултира со апоптоза. Дополнително, Ibandronic acid ја активира каспаза-3, што исто така резултира со апоптоза.
Препорачана доза на Ibandronic acid е 3mg, администрирана во облик на интравенска инјекција во тек на 15-30 секунди, на секои 3 месеци, со паралелна суплементација со витамин D и калциум.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на Ibandronic acid кај деца и адолесценти на возраст под 18 години.
Пациенти со ренално оштетување
- Не се препорачува употреба на Ibandronic acid кај пациенти со серумски креатинин над 200 μmol/L (2,3 mg/dL), односно кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min;
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Нема клинички значајни интеракции.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.