Лек: Неофен

  • ATC код:M01AE01
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:125mg супозитории
Хиперпирексија
Намалување на благи до умерени болки
  • Болка при никнување на заби, забоболка, главоболка, шинувања, истегнувања, болка во грлото и ушите, болки при настинка и грип.

Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Максималната дневна доза на ibuprofen за деца со телесна тежина од 12,5 – 20 kg изнесува 20 – 30 mg/kg телесна тежина, поделени во 3 – 4 поединечни дози (Табела 1.)

Табела 1. Режим на дозирање на ibuprofen супозитории кај педијатриски пациенти на возраст над 2 години

Телесна тежина

Поединечна доза

Дневна доза

12,5 – 17 kg (педијатриски пациенти на возраст од 2 – 4 години)

1 супозиторија

На секои 6 – 8 часа

17 – 20,5 kg (педијатриски пациенти на возраст од 4 – 6 години)

1 супозиторија

На секои 6 часа

  • Хиперсензитивност кон ibuprofen;
  • Пациенти со активен пептичен улкус или крварење, односно со анамнеза на рецидивен пептичен улцер / крварење (две или повеќе докажани епизоди на крварење);
  • Пациенти со анамнестички податок за поранешно крварење или перфорација во дигестивниот систем асоцирано со терапија со лекови од групата на НСАИЛи;
  • Пациенти со тешко кардијално затајување (NYHA степен IV), ренална или хепатална инсуфициенција;
  • Трет триместар од бременост;
  • Педијатриски пациенти со телесна тежина под 12,5 kg (под 2-годишна возраст).
Aцетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на ibuprofen со ацетилсалицилна киселина може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Други НСАИЛи
  • Истовремената употреба на ibuprofen со други нестероидни антиинфламаторни лекови (вклучително и селективни СОХ-2 инхибитори) може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на улцерации и крварења на ниво на гастроинтестиналниот тракт. 
Антихипертензиви, β-блокатори, диуретици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на антихипертензиви (АКЕ-инхибитори и антагонисти на ангиотензин II), β-блокатори и диуретици може да резултира со намалување на ефектот на овие лекови.
  • Диуретиците може да го потенцираат нефротоксичниот ефект на ibuprofen; АКЕ-инхибиторите и антагонистите на ангиотензин II може да предизвикаат дополнително нарушување на реналната функција, вклучувајќи и можно акутно реверзибилно ренално затајување кај пациенти со ренално оштетување. 
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на орални антикоагуланси, како што е варфаринот, може да го зголеми ризикот од крварење.
Антитромботици и селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на ibuprofen со антитромботици и лекови од групата на селективни инхибитори на серотонинското репреземање (SSRIs) може да го зголеми ризикот од крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт и од интракранијално крварење.
Кардијални гликозиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кардијални гликозиди може да резултира со влошување на кардијалната инсуфициенција, намалување на гломеруларната филтрација и зголемување на плазма-концентрацијата на кардијалните гликозиди (на пр. дигоксин). 
Литиум
  • Истовремената употреба на ibuprofen со литиум може да резултира со потенцирање на токсичните ефекти на литиумот. 
Метотрексат
  • Истовремената употреба на ibuprofen со метотрексат може да резултира со намалување на клиренсот на метотрексат и последователно потенцирање на неговите несакани ефекти (леукопенија, тромбоцитопенија, анемија, нефротоксичност, улцерации на слузницата). 
Циклоспорин, такролимус
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови како што се циклоспорин и такролимус може да резултира со потенцирање на нефротоксичните ефекти на ibuprofen.
Мифепристон
  • Истовремената употреба на ibuprofen со мифепристон може да резултира со намалување на терапевтската ефикасност на мифепристон. 
Зидовудин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин може да го зголеми ризикот од појава на хематолошка токсичност; кај ХИВ-позитивни пациенти со хемофилија, истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин го зголемува ризикот од појава на хемартрози и хематоми. 
Кинолонски антибиотици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кинолонски антибиотици може да го зголеми ризикот од појава на конвулзии асоцирани со кинолонските антибиотици. 
Инхибитори на CYP450 2C9
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на инхибитори на CYP450 2C9 може да резултира со значително зголемување на плазма-концентрацијата на ibuprofen
Сулфанилуреа
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови кои содржат сулфанилуреа може да резултира со потенцирање на ефектот на овие лекови. 
Холестирамин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со холестирамин може да резултира со намалување на реапсорпцијата на ibuprofen
Аминогликозидни антибиотици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со аминогликозидни антибиотици може да резултира со намалување на клиренсот на аминогликозидните антибиотици.
Билни препарати
  • Истовремената употреба на ibuprofen со билни препарати (на пр. препарати кои содржат Ginkgo biloba) може да го зголеми ризикот од крварење. 
Алкохол
  • Истовремената употреба на ibuprofen со алкохол може да го зголеми ризикот од крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт. 
Фенитоин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со фенитоин може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на фенитоин. 

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ibuprofen за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ibuprofen.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Абдоминална болка, диспепсија, мачнина, главоболка, кожен осип, реакции на хиперсензитивност проследени со уртикарија и пруритус.
Ретки
  • Дијареа, флатуленција, констипација, вомитус.
Многу ретки
  • Пептичен улкус, перфорација или гастроинтестинално крварење, хематемеза, егзацербација на улцерозен колитис и на Кронова болест, улцерозен стоматитис, гастритис, асептичен менингитис, акутна ренална инсуфициенција, хепатални нарушувања, холестатска жолтица, хепатитис, покачени серумски нивоа на хепаталните ензими, нарушување на хематопоезата, erythema multiforme, токсична епидермална некролиза / Stevens-Johnson-ов синдром, тешки реакции на хиперсензитивност манифестирани како лицев едем, едем на јазикот и ларинксот, диспнеа, тахикардија, хипотензија, анафилакса, ангиоедем или тежок шок, кардијално затајување и едеми, хипертензија, хипер-реактивност на респираторниот систем со појава на астма, бронхоспазам и диспнеа, покачени серумски нивоа на уреа. 
Непознато
  • Реакција на лекот со еозинофилија и системски симптоми (DRESS-синдром), акутна генерализирана егзантематозна пустулоза, реакција на фотосензитивност.
Симптоми
  • Абдоминална болка, мачнина, вомитус, летаргија, поспаност, главоболка, тинитус и атаксија. При сериозно предозирање со ibuprofen може да дојде до појава на метаболна ацидоза.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AE01
Генерично име:ibuprofen
Латинично име:Ibuprofen suppositoria
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:125mg супозитории
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска