Лек: Нурофен

  • ATC код:M01AE01
  • Компанија:ЗЕГИН доо
  • Доза:400mg меки капсули (10 капсули (блистер 1 х 10)/кутија)
Третман на болка со благ до умерен интензитет, како што е главоболка, забоболка и менструални болки
Хиперпирексија

Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Почетна доза на ibuprofen за деца на возраст над 12 години, возрасни пациенти постари пациенти е 400mg, на секои 4 – 6 часа.

Максималната дневна доза на ibuprofen е 1200mg.

  • Хиперсензитивност кон ibuprofen;
  • Пациенти со историја на реакции на хиперсензитивност, како што се: бронхоспазам, астма, ринитис, ангиоедем или уртикарија, асоцирани со употребата на ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛи;
  • Пациенти со тешка ренална, хепатална или кардијална инсуфициенција;
  • Пациенти со историја на гастроинтестинално крварење или перфорации асоцирани со употреба на други НСАИЛи;
  • Пациенти со церебро-васкуларно или друг тип на активно крварење;
  • Пациенти со нарушување на формирањето на крвта;
  • Пациенти со тешка дехидратација како последица на вомитус, дијареа или недоволен внес на течности;
  • Трет триместар од бременост.
Aцетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на ibuprofen со ацетилсалицилна киселина може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Други НСАИЛи
  • Истовремената употреба на ibuprofen со други нестероидни антиинфламаторни лекови (вклучително и селективни СОХ-2 инхибитори) може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на улцерации и крварења на ниво на гастроинтестиналниот тракт.
Антихипертензиви, β-блокатори, диуретици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на антихипертензиви (АКЕ-инхибитори и антагонисти на ангиотензин II), β-блокатори и диуретици може да резултира со намалување на ефектот на овие лекови.
  • Диуретиците може да го потенцираат нефротоксичниот ефект на ibuprofen; АКЕ-инхибиторите и антагонистите на ангиотензин II може да предизвикаат дополнително нарушување на реналната функција, вклучувајќи и можно акутно реверзибилно ренално затајување кај пациенти со ренално оштетување. 
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на орални антикоагуланси, како што е варфаринот, може да го зголеми ризикот од крварење. 
Антитромботици и селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на ibuprofen со антитромботици и лекови од групата на селективни инхибитори на серотонинското репреземање (SSRIs) може да го зголеми ризикот од крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт и од интракранијално крварење. 
Кардијални гликозиди
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кардијални гликозиди може да резултира со влошување на кардијалната инсуфициенција, намалување на гломеруларната филтрација и зголемување на плазма-концентрацијата на кардијалните гликозиди (на пр. дигоксин). 
Литиум
  • Истовремената употреба на ibuprofen со литиум може да резултира со потенцирање на токсичните ефекти на литиумот. 
Метотрексат
  • Истовремената употреба на ibuprofen со метотрексат може да резултира со намалување на клиренсот на метотрексат и последователно потенцирање на неговите несакани ефекти (леукопенија, тромбоцитопенија, анемија, нефротоксичност, улцерации на слузницата). 
Циклоспорин, такролимус
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови како што се циклоспорин и такролимус може да резултира со потенцирање на нефротоксичните ефекти на ibuprofen
Мифепристон
  • Истовремената употреба на ibuprofen со мифепристон може да резултира со намалување на терапевтската ефикасност на мифепристон. 
Зидовудин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин може да го зголеми ризикот од појава на хематолошка токсичност; кај ХИВ-позитивни пациенти со хемофилија, истовремената употреба на ibuprofen со зидовудин го зголемува ризикот од појава на хемартрози и хематоми. 
Кинолонски антибиотици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со кинолонски антибиотици може да го зголеми ризикот од појава на конвулзии асоцирани со кинолонските антибиотици. 
Инхибитори на CYP450 2C9
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на инхибитори на CYP450 2C9 може да резултира со значително зголемување на плазма-концентрацијата на ibuprofen
Сулфанилуреа
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови кои содржат сулфанилуреа може да резултира со потенцирање на ефектот на овие лекови. 
Холестирамин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со холестирамин може да резултира со намалување на реапсорпцијата на ibuprofen
Аминогликозидни антибиотици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со аминогликозидни антибиотици може да резултира со намалување на клиренсот на аминогликозидните антибиотици. 
Билни препарати
  • Истовремената употреба на ibuprofen со билни препарати (на пр. препарати кои содржат Ginkgo biloba) може да го зголеми ризикот од крварење. 
Алкохол
  • Истовремената употреба на ibuprofen со алкохол може да го зголеми ризикот од крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт. 
Фенитоин
  • Истовремената употреба на ibuprofen со фенитоин може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на фенитоин. 
Пробенецид и сулфинпиразон
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови кои содржат пробенецид или сулфинпиразон може да резултира со одложена елиминација на ibuprofen
Диуретици кои штедат калиум
  • Истовремената употреба на ibuprofen со диуретици кои штедат калиум може да резултира со хиперкалиемија. 

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ibuprofen за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ibuprofen.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести
  • Гастроинтестинални нарушувања (абдоминална болка, наузеа и диспепсија), дијареа, флатуленција, констипации, вомитус, хиперацидитет и лесно гастроинтестинално крварење).
Помалку чести
  • Уртикарија, пруритус, нарушување на централниот нервен систем (главоболка, вертиго, поспаност, агитација, иритабилност или замор), нарушување на видот, улцеративен стоматитис, перфорации и крварење на ниво на гастроинтестиналниот тракт, егзацербација на колитис и Кронова болест, гастритис, разни видови на кожен осип. 
Ретки
  • Тинитус, оштетување на реналното ткиво (папиларна некроза), покачени серумски нивоа на уреа, намалување на нивото на хемоглобин.
Многу ретки
  • Егзацербација на инфекции (развој на некротизирачни фасциитис, тешка инфекција на кожата и компликации на меките ткива), хематопоетички нарушувања (анемија, леукопенија, тромбоцитопенија, панцитопенија, агранулозитоза), симптоми на хиперпирексија, болно грло, површински улцерации на устата, симптоми слични на грип, тешка исцрпеност, крварење од носот, кожни крварења и модринки, психотични реакции, депресија, реакции на хиперсензитивност, тешки реакции на хиперсензитивност (лицев едем, едем на јазикот и ларинксот, диспнеа, тахикардија, хипотензија, анафилакса, ангиоедем или шок), егзацербација на астма, асептичен менингитис, кардијална инсуфициенција, палпитации и едем, миокардијален инфаркт, хипертензија, васкулитис, езофагитис и формации на цревата налик на дијафрагмални структури, панкреатитис, хепатална дисфункција, хепатално оштетување, хепатална инсуфициенција, акутен хепатитис, тешки форми на кожни реакции (булозни реакции, Stevens-Johnson-ов синдром / токсична епидермална некролиза, erythema multiforme, алопеција), создавање на едеми (особено кај пациенти со артериска хипертензија или ренална инсуфициенција), нефротски синдром, интерстицијален нефритис.
Непознато
  • Хипер-реактивност на респираторниот систем, влошување на симптомите на астма, бронхоспазам, диспнеа.
Симптоми
  • Абдоминална и епигастрична болка, мачнина, вомитус, летаргија, поспаност, главоболка, тинитус, атаксија и гастроинтестинално крварење. При сериозно предозирање со ibuprofen може да дојде до појава на метаболна ацидоза и пролонгирано протромбинско време; можна е и појава на акутна ренална или хепатална инсуфициенција, како и на егзацербација на астма.

Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.
  • Применлива е и перорална администрација на активен јаглен 1 час по ингестија на токсична доза на ibuprofen.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AE01
Генерично име:ibuprofen
Латинично име:Ibuprofen soft capsules
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:400mg меки капсули (10 капсули (блистер 1 х 10)/кутија)
Производител:ЗЕГИН доо
Носител на одобрение:Pantheon Softgels B.V., Тилбург, Холандија, Reckitt Benckiser Healthcare International limited, , Велика Британија