Ублажување на болка и инфламација асоцирана со болка во грбот, ревматска и мускулна болка, изместување (шинување), истегнување, невралгија и спортски повреди
Ублажување на болка при благи до умерени артритични состојби
Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.
Реакции на хиперсензитивност (неспецифична алергиска реакција и анафилакса), реактивност на респираторниот тракт (астма и влошување на симптомите на астма, бронхоспазам и диспнеа), кожни нарушувања (осип, пруритус, уртикарија, пурпура, ангиоедем и булозен дерматитис, токсична епидермална некролиза, erythema multiforme), aбдоминална болка, диспепсија, ренално оштетување.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.