Лек: Ибутоп Гел

  • ATC код:M02AA13
  • Компанија:Друштво за трговија НАТУСАНА Македонија Доо
  • Доза:50 mg/g гел (Al туба х 50 g/кутија)
Третман и ублажување на ревматски и мускулни болки, болки во грбот, болки и отоци предизвикани од исчашувања, истегнувања и од спортски повреди, болка при невралгија и болки при благи до умерени артритични состојби

Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Возрасни пациенти, постари пациенти и деца на возраст над 12 години
  • 50 – 125mg од гелот се нанесуваат локално на заболеното место, во тенок слој (1,5 – 4 cm), со нежно втријување до целосна апсорпција;
  • Дозата се повторува на секои 4 – 6 часа.
  • Хиперсензитивност кон ibuprofen;
  • Деца на возраст под 12 години;
  • Оштетена или инфицирана кожа;
  • Пациенти со историја на реакции на хиперсензитивност, како што се: бронхоспазам, астма, ринитис, ангиоедем или уртикарија, асоцирани со употребата на ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛи;
  • Трет триместар од бременост.
Други НСАИЛи
  • Истовремената употреба на ibuprofen со други нестероидни антиинфламаторни лекови (вклучително и селективни СОХ-2 инхибитори) може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства. 
Антихипертензиви, β-блокатори, диуретици
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на антихипертензиви (АКЕ-инхибитори и антагонисти на ангиотензин II), β-блокатори и диуретици може да резултира со намалување на ефектот на овие лекови.
  • Диуретиците може да го потенцираат нефротоксичниот ефект на ibuprofen; АКЕ-инхибиторите и антагонистите на ангиотензин II може да предизвикаат дополнително нарушување на реналната функција, вклучувајќи и можно акутно реверзибилно ренално затајување кај пациенти со ренално оштетување. 
Антикоагуланси
  • Истовремената употреба на ibuprofen со лекови од групата на антикоагуланси, како што е варфаринот, може да го зголеми ризикот од крварење. 

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ibuprofen за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ibuprofen.

Нема влијание.

Реакции на хиперсензитивност (неспецифична алергиска реакција и анафилакса), реактивност на респираторниот тракт (астма и влошување на симптомите на астма, бронхоспазам и диспнеа), кожни нарушувања (осип, пруритус, уртикарија, пурпура, ангиоедем и булозен дерматитис, токсична епидермална некролиза, erythema multiforme), aбдоминална болка, диспепсија, ренално оштетување, фотосензитивни реакции.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M02AA13
Генерично име:ibuprofen
Латинично име:Ibuprofen gel
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50 mg/g гел (Al туба х 50 g/кутија)
Производител:Друштво за трговија НАТУСАНА Македонија Доо
Носител на одобрение:DOLORGIET GmbH&Co.KG, Санкт Аугустин, Германија