Ревматоиден артритис и остеоартритис
Дисменореа
Болка со благ до умерен интензитет
Акутна болка и хиперпирексија асоцирана со обична настинка (кај деца на возраст од 6 месеци до 12 години)
Ibuprofen претставува неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.
Возрасни и адолесценти над 12-годишна возраст Ревматски заболувања
- Препорачаната доза нa ibuprofen се движи од 400 – 700 mg (20 – 35 mL), трипати дневно, на растојание од 4 - 6 часа.
Дисменореа
- Препорачаната доза нa ibuprofen изнесува 400mg (20mL), трипати дневно, на растојание од 4 – 6 часа.
Болка со благ до умерен интензитет
- Препорачаната доза нa ibuprofen се движи од 200 – 400 mg (10 – 20 mL), трипати дневно, на растојание од 4 - 6 часа.
Деца на возраст од 6 месеци до 12 години
- Акутна болка или хиперпирексија асоцирана со обична настинка - препорачаната доза нa ibuprofen се движи од 5 – 7,5 mg/kg телесна тежина (поединечна доза), односно 20 – 30 mg/kg телесна тежина дневно (Табела 1.).
Табела 1. Препорачана доза на ibuprofen во зависност од возраста и телесната тежина на педијатриските пациенти
Возраст
|
Телесна тежина (kg)
|
Препорачана доза
|
Доенчиња од 6 – 12 месеци
|
7 – 10
|
Поединечна доза од 2,5mL (50mg) на секои 8 часа
|
Деца на возраст од 1 – 2 години
|
10 – 14,5
|
Поединечна доза од 2,5mL (50mg) на секои 6 - 8 часа
|
Деца на возраст од 3 - 7 години
|
14,5 – 25
|
Поединечна доза од 5mL (100mg), на секои 6 – 8 часа
|
Деца на возраст од 8 – 12 години
|
25 – 40
|
Поединечна доза од 10mL (200mg), на секои 6 – 8 часа
|
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува примена на најниската ефективна доза на ibuprofen.
Педијатриска популација
- Употребата на ibuprofen кај деца на возраст под 6 месеци е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачливо е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Препорачливо е прилагодување на дозата.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.