Лек: Репаглинид ПхармаС

  • ATC код:A10BX02
  • Компанија:ПхармаС Лекови дооел
  • Доза:2mg таблети
Дијабетес мелитус тип II

Repaglinide претставува инсулински секретогог кој делува преку механизам на врзување за АТР-зависните калиумови канали сместени на површината на интактните β-клетки на Лангерхансовите островчиња на панкреасот, со што го стимулира ослободувањето на инсулинот. Repaglinide ги затвора АТР-зависните калиумови канали во мембраните на β-клетките преку таргет-протеин кој е различен од другите секреторни агенси; ова ја деполаризира β-клетката и води до отворање на калциумовите канали. Зголемениот инфлукс на калциум индуцира секреција на инсулин од β-клетките.

Препорачана почетна доза на repaglinide e 0,5mg.

Препорачана максимална единечна доза на одржување е 4mg, земена со главни оброци. Вкупната максимална доза не смее да надминува 16mg.

Repaglinide се зема препрандијално, односно пред главните оброци. Дозите вообичаено се земаат 15 минути пред главниот оброк, но времето може да варира од непосредно пред главниот оброк до 30 минути пред оброкот.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти кои земаат други перорални антихипергликемици
  • Кај пациенти кои се на терапија со метформин, препорачана доза на repaglinide е 0,5mg, земена пред главни оброци.
  • Хиперсензитивност кон repaglinide;
  • Дијабетес мелитус тип I, С-пептид-негативен;
  • Дијабетична кетоацидоза, со или без кома;
  • Тешка хепатална инсуфициенција;
  • Истовремена употреба на гемфиброзил.
Индуктори и инхибитори на CYP450 3A4 и CYP450 2C8
  • Истовремената употреба на repaglinide со лекови од групата на индуктори или инхибитори на ензимите CYP450 3A4 и CYP450 2C8 може значително да го промени метаболизмот на repaglinide, во насока на намалување или зголемување на неговата плазма-концентрација, соодветно.
Инхибитори на OATP1B1
  • Истовремената употреба на repaglinide со лекови кои го инхибираат ОАТР1В1 може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на repaglinide.
Лекови кои го продолжуваат или зголемуваат хипогликемичниот ефект на repaglinide
  • Истовремената употреба на repaglinide со лекови како што се: гемфиброзил, кларитромицин, итраконазол, кетоконазол, триметоприм, циклоспорин, деферасирокс, клопидогрел, МАО-инхибитори, неселективни β-блокатори, АКЕ-инхибитори, салицилати, нестероидни антиинфламаторни лекови, октреотид, алкохол и анаболни стероиди, може да резултира со продолжување, потенцирање или зголемување на хипогликемичниот ефект на repaglinide.
Лекови кои го намалуваат хипогликемичниот ефект на repaglinide
  • Истовремената употреба на repaglinide со лекови како што се: пероралните контрацептиви, рифампицин, барбитурати, карбамазепин, тиазиди, кортикостероиди, диазол, тироидни хормони и симпатомиметици може да резултира со намалување на хипогликемичниот ефект на repaglinide.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на repaglinide со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на repaglinide.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на repaglinide за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со repaglinide.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Хипогликемија, абдоминална болка, дијареа.
Помалку чести

/

Ретки
  • Кардиоваскуларно заболување.
Многу ретки
  • Алергиски реакции, нарушена рефракција, вомитус, констипација, невообичаена хепатална функција, зголемени серумски нивоа на хепаталните ензими.
Непознато
  • Хипогликемиска кома и губење на свест како резултат на хипогликемија, наузеа, хиперсензитивност.
Симптоми
  • Хипогликемија и хипогликемични симптоми (вертиго, прекумерно потење, тремор, главоболка).

Третман
  • Коригирање на хипогликемијата (внес на перорални јаглехидрати).
  • Потежок облик на хипогликемија со напади, губење на свеста или кома се третира со интравенска администрација на глукоза.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A10BX02
Генерично име:repaglinide
Латинично име:Repaglinide tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:2mg таблети
Производител:ПхармаС Лекови дооел
Носител на одобрение:PharmaS d.o.o., Поповача, Хрватска