Лек: Физионил 40

  • ATC код:B05DB
  • Компанија:ФАРМА ТРЕЈД дооел
  • Доза:глукоза Клиар-Флекс 2,27% w/v (22,7 mg/1 mL) раствор за перитонеална дијализа (двокоморна nPVC кеса х 5000 mL)
Не-глукозен раствор за перитонеална дијализа како дел од режим за третман на пациенти со хронична ренална инсуфициенција
Малнутриција кај пациенти кои се одржуваат со перитонеална дијализа

Отстранување на екстраренални отпадни материи при континуирана амбулаторна перитонеална дијализа.

Возрасни пациенти и постари пациенти
  • Препорачана доза за пациенти со телесна тежина од 70kg е една измена на перитонеална дијализа на ден од една кеса од 2,0 L (која содржи 22g аминокиселини, што одговара на 0,30 g/kg телесна тежина/24 часа) или од 2,5 L;
  • Препорачаниот дневен внес на протеини кај возрасни пациенти на дијализа е ≥ 1,2 g/kg телесна тежина;
Деца и адолесценти
  • Препорачано дозирање е една перитонеална дијализна размена дневно;
  • Кај деца на возраст над 2 години, се препорачува волумен на полнење од 800 – 1400 mL/m2 до максимална толерантна количина од 2000mL;
  • Кај деца на возраст под 2 години, се препорачува волумен на полнење од 200 – 1000 mL/m2.
  • Хиперсензитивност кон било која аминокиселина;
  • Ниво на уреа во серумот над 38 mmol/L;
  • Уремични симптоми;
  • Метаболна ацидоза;
  • Конгенитални нарушувања на метаболизмот на аминокиселините;
  • Хепатална инсуфициенција;
  • Тешка хипокалиемија;
  • Непоправливи механички дефекти кои превенираат ефективна перитонеална дијализа или зголемуваат ризик од инфекција;
  • Документиран губиток на перитонеална функција или обемни атхезии кои ја компромитираат перитонеалната функција.
Гликозиди на дигиталис
  • Истовремената примена на растворот за перитонеална дијализа со гликозиди на дигиталис може да го зголеми ризикот од интоксикација со дигиталис; поради тоа, препорачливо е следење на серумските нивоа на калиум, калциум и магнезиум.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на растворот за перитонеална дијализа за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на примена на растворот за перитонеална дијализа.

Нема податоци.

Многу чести
  • Ацидоза, хиперволемија, анорексија, вомитус, наузеа, гастритис, астенија, хиперурикемија.
Чести
  • Инфекција, анемија, хипокалиемија, хиповолемија, депресија, диспнеа, абдоминална болка.
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Хиперсензитивност, склерозирачки енкапсулирачки перитонитис, абдоминална непријатност, перитонитис, заматен перитонеален ефлуент, хиперпирексија, слабост, абнормална анализа на перитонеална течност, пруритус, ангиоедем. 
Симптоми
  • Хиперволемија и електролитен дисбаланс.

Третман
  • Примена на хипертонични раствори за перитонеална дијализа и рестрикција на внес на течности; 
  • Електролитниот дисбаланс се третира во зависност од конкретното нарушување потврдено со тестирање на крвта.

Поради можност од појава на чувство на слабост и хиповолемија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:B05DB
Генерично име:peritoneal dialytics, hypertonic solutions
Латинично име:Peritoneal dialytics, hypertonic solutions
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:глукоза Клиар-Флекс 2,27% w/v (22,7 mg/1 mL) раствор за перитонеална дијализа (двокоморна nPVC кеса х 5000 mL)
Производител:ФАРМА ТРЕЈД дооел
Носител на одобрение:BAXTER Healthcare SA, Кастлбар, Ирска