Лек: Зесува

  • ATC код:L01XE04
  • Компанија:ЗЕНТИВА ПХАРМА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
  • Доза:50mg тврди капсули (28 капсули (блистер 7 х 4)/кутија)
Неоперабилен и/или метастатски малигнен гастроинтестинален стромален тумор
Метастатски / напреден карцином на ренални клетки
Неоперабилен или метастатски, добро-диференциран невро-ендокрин тумор на панкреасот со прогресија на болеста

Sunitinib делува преку механизам на инхибиција на тирозин-киназните рецептори кои имаат важна улога во растот на малигните ткива, патолошката ангиогенеза и метастатската прогресија на карциномот, како што се рецепторите на васкуларниот ендотелијален фактор на раст (VEGFR-1, VEGFR-2 и VEGFR-3).

Неоперабилен и/или метастатски малигнен гастроинтестинален стромален тумор и метастатски / напреден карцином на ренални клетки
  • Препорачана доза на sunitinib е 50mg дневно, администрирана перорално, во тек на 4 последователни недели, по што следи пауза од 2 недели, така што целокупниот циклус опфаќа 6 недели.
Неоперабилен или метастатски, добро-диференциран невро-ендокрин тумор на панкреасот со прогресија на болеста
  • Препорачана доза на sunitinib е 37,5mg дневно, администрирана перорално.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување;
  • Нема податоци кои се однесуваат на употребата на sunitinib кај пациенти со тешко хепатално оштетување.
  • Хиперсензитивност кон sunitinib.
Инхибитори / индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на sunitinib со лекови од групата на индуктори на CYP450 3A4 како што се рифампицин, дексаметазон, фенитоин, карбамазепин, фенобарбитал или хербални препарати кои содржат кантарион може да резултира со намалување на плазма-концентрацијата на sunitinib. Истовремената употреба на sunitinib со лекови од групата на инхибитори на CYP450 3A4 како што е кетоконазол може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на sunitinib.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на sunitinib со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на sunitinib.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на sunitinib за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со sunitinib.

Sunitinib има негативно влијание врз плодноста кај мажите и кај жените.

Многу чести
  • Неутропенија, тромбоцитопенија, анемија, леукопенија, хипотироидизам, намален апетит, инсомнија, вертиго, главоболка, нарушување на вкусот, хипертензија, диспнеа, епистакса, кашлица, стоматитис, абдоминална болка, вомитус, дијареа, диспепсија, наузеа, констипација, дисколорација на кожата, синдром на палмарно-плантарна еритродизестезија, осип, промена на бојата на косата, сува кожа, болки во екстремитетите, артралгија, болки во грбот, мукозитис, замор, едем, хиперпирексија.
Чести
  • Вирусни инфекции, респираторни инфекции, апсцес, габична инфекција, инфекции на уринарен тракт, кожни инфекции, сепса, лимфопенија, дехидратација, хипогликемија, депресија, периферна невропатија, парестезија, хипоестезија, хиперестезија, периорбитален едем, едем на очните капаци, хиперлакримација, миокардна исхемија, длабока венска тромбоза, напливи на топлина, црвенило, пулмонарна емболија, плеврален излив, хемоптиза, диспнеа при напор, орофарингеална болка, назална конгестија, назална сувост, гастроезофагеален рефлукс, дисфагија, гастроинтестинална хеморагија, езофагитис, абдоминална дистензија, абдоминална непријатност, ректална хеморагија, гингивално крварење, улцерации по устата, прокталгија, хеилитис, хемороиди, глосодинија, болка во устата, сува уста, флатуленција, непријатност во устата, подригнување, лупење на кожата, кожни реакции, егзема, меури, еритема, алопеција, акни, пруритус, хиперпигментација на кожата, лезии на кожата, хиперкератоза, дерматитис, нарушување на ноктите, мускуло-скелетна болка, мускулни спазми, мијалгија, мускулна слабост, ренална инсуфициенција, акутна ренална инсуфициенција, хроматурија, протеинурија, болка во градите, болест слична на грип, морници, намалена телесна тежина, еритропенија, зголемени серумски нивоа на панкреатична амилаза и липаза, тромбоцитопенија, намалени серумски нивоа на хемоглобин, зголемени серумски нивоа на аспартат аминотрансфераза и аланин аминотрансфераза, зголемени серумски нивоа на креатинин, хипертензија, хиперурикемија.
Помалку чести
  • Некротизирачки фасцитис, бактериски инфекции, панцитопенија, хиперсензибилност, хипертироидизам, церебрална хеморагија, церебро-васкуларен инцидент, транзиторен исхемичен напад, конгестивна срцева инсуфициенција, миокарден инфаркт, кардиомиопатија, перикардијален излив, пролонгиран QT-интервал, туморско крварење, пулмонарна хеморагија, респираторна инсуфициенција, гастроинтестинална перфорација, панкреатитис, анална фистула, колитис, хепатална инсуфициенција, холециститис, абнормална хепатална функција, остеонекроза на вилицата, фистула, хеморагија од уринарен тракт, отежнато заздравување, зголемени серумски нивоа на креатинин фосфокиназа, зголемени серумски нивоа на TSH.
Ретки
  • Тромботична микроангиопатија, ангиоедем, тироидитис, синдром на туморска лиза, синдром на постериорна реверзибилна енцефалопатија, лево-коморна слабост, Torsades de Pointes, хепатитис, еритема мултиформе, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, гангренозна пиодермија, рабдомиолиза, миопатија, нефротски синдром.
Многу ретки

/

Непознато
  • Аневризми и дисекции на артериите.

Симптомите на предозирање со sunitinib кореспондираат со потенцијалните несакани ефекти. Третманот е супортивен.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01XE04
Генерично име:sunitinib
Латинично име:Sunitinib hard capsules
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg тврди капсули (28 капсули (блистер 7 х 4)/кутија)
Производител:ЗЕНТИВА ПХАРМА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Носител на одобрение:REMEDICA Ltd, Лимасол, Кипар, Pharmacare Premium Ltd., Бирзебугија, Малта