Лек: Микотрит 3

  • ATC код:G01AF02
  • Компанија:БИОНИКА Фармацеутикалс доо
  • Доза:2 % вагинален крем
Дерматомикози предизвикани од дерматофити, квасни габи и мувли
  • Tinea pedum, tinea manuum, tinea corporis, tinea inguinalis, pityriasis versicolor.
Еритразма
Габични инфекции на срамните усни и околното подрачје
  • Кандиден вулвитис кај жени. 
Инфекција на главата и кожичката на пенисот
  • Кандиден баланитис кај мажи.

Clotrimazole делува преку механизам на деструкција на структурата и интегритетот на клеточната мембрана на фунгалната клетка, со што се зголемува нејзината пермеабилност. Clotrimazole ја инхибира биосинтезата на ергостеролот - есенцијална компонента на клеточната мембрана на фунгалната клетка која е одговорна за растот на фунгалната клетка, а исто така ја инхибира активноста на ланостерол 14-деметилазата.

Вагиналниот крем се инсертира што е можно подлабоко во вагината, навечер, пред спиење. Инсерцијата се постигнува најдобро со лежење на грб, со малку свиткани нозе.

Вагинални инфекции
  • Секоја вечер во текот на 3 последовални денови содржината на 1 апликатор (приближно 5g) треба да се испразни во вагината.
Кандиден вулвитис и кандиден баланитис
  • Кремот се нанесува во тенок слој и се втрива на заболеното место, 2 - 3 пати во текот на денот. 
  • Хиперсензитивност кон clotrimazole.

Нема клинички значајни интеракции.

Неама влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на clotrimazole за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со clotrimazole.

Нема влијание. 

Нарушувања на имунолошки систем
  • Ангиоедем, анафилактичка реакција, хиперсензитивност.
Васкуларни нарушувања
  • Хипотензија, синкопа.
Респираторни, торакални и медијастинални нарушувања
  • Диспнеа. 
Нарушувања на кожата и поткожните ткива
  • Плускавци, контактен дерматитис, еритема, парестазија, ексфолијација на кожата, пруритус, осип, уртикарија, печење на кожата, иритација на местото на апликација, реакција на местото на апликација, едем, болка.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување

ATC код:G01AF02
Генерично име:clotrimazole
Латинично име:Clotrimazole vaginal cream
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:2 % вагинален крем
Производител:БИОНИКА Фармацеутикалс доо
Носител на одобрение:БИОНИКА Фармацеутикалс доо, Скопје, Р. Северна Македонија