Акутен бактериски синузитис
Акутна егзацербација на хронична опструктивна белодробна болест вклучувајќи бронхитис
Вонболничка пневмонија
Лесна до умерена пелвична инфламаторна болест
Комплицирани инфекции на кожа и кожни структури
Мoxifloxacin претставува антибиотик со бактерицидно дејство кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на топоизомеразата II (DNA-гираза и топоизомераза IV) - ензими кои се неопходни за бактериска транскрипција, репарација и репликација.
Препорачана потечна доза на moxifloxacin е 400mg дневно.
Лекови кои го пролонгираат QТ-интервалот Истовремената употреба на moxifloxacin со лекови кои го пролонгираат QT-интервалот е контраиндицирана. Такви лекови се:
- Анти-аритмици од класа IА (кинидин, хидрокинидин, дисопирамид);
- Анти-аритмици од класа III (амиодарон, соталол, дофетилид, ибутилид);

- Антипсихотици (фенотиазид, пимозид, сертиндол, халоперидол, султоприд);
- Трициклични антидепресиви;
- Одредени антиинфективни лекови (саквинавир, спарфлоксацин, еритромицин IV, пентамидин, антималарични лекови, особено халофантрин;
- Одредени антихистаминици (терфенадин, астемизол, мизоластин);
- Други лекови (како цисаприд, винкамин IV, бепридил и дифеманил).
Лекови кои предизвикуваат хипокалиемија и брадикардија
- Истовремената употреба на moxifloxacin со лекови кои предизвикуваат хипокалиемија и брадикардија како тиазидни диуретици, диуретици на Хенлеова петелка (фуросемид), лаксативи, кортикостероиди или амфотерицин В е контраиндицирана.
Лекови кои содржат двовалентни / тривалентни јони
- Истовремената употреба на moxifloxacin со лекови кои содржат двовалентни или тривалентни јони може да резултира со формирање на нерастворливи хелати.
Активен јаглен
- Истовремената употреба на moxifloxacin со активен јаглен резултира со намалување на апсорпцијата и системската расположливост на moxifloxacin.
Дигоксин
Истовремената употреба на moxifloxacin со дигоксин може да резултира со зголемување на серумските нивоа на дигоксин.
Глибенкламид
- Истовремената употреба на moxifloxacin со глибенкламид може да резултира со развој на умерена и минлива хипергликемија.
Орални антикоагуланси
- Истовремената употреба на moxifloxacin со орални антикоагуланси може да резултира со потенцирање на дејството на антикоагулансите.
Употребата на moxifloxacin за време на бременост и доење е контраиндицирана.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на реакциии на CNS (на пр. зашеметеност, акутно и минливо губење на видот) или акутно и краткотрајно губење на свест (синкопа), се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување