Парцијални конвулзии – со или без секундарно-генерализирани напади
Примарно-генерализирани тонично-клонични напади
Напади асоцирани со Ленокс-Гастаутов синдром
Профилакса на мигренозна главоболка
Topiramate претставува антиконвулзив кој делува на ниво на волтажно-зависните натриумови канали, GABA-рецепторите и глутаматните рецептори. Делува преку механизам на стимулација на активноста на GABA-A рецепторите во мозокот, односно редукција на глутаматната активност, со што се намалува невралната ексцитабилност и се спречува манифестација на напади.
Поради можноста од развој на метаболна ацидоза, се препорачува да се избегнува примена на кето-режим на исхрана, кој подразбира внес на храна која е богата со масти, односно сиромашна со јаглехидрати.
Поради можност од појава на вертиго, зашеметеност или заматен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.