Лек: Траумон

  • ATC код:M02AA06
  • Компанија:СЕПТИМА дооел
  • Доза:100mg/g гел
Симптоматски третман на болка
  • Болки предизвикани од акутни истегнувања, исчашувања или модрици по екстремитетите или при спортски повреди.
Симптоматски третман на болка на мекото ткиво во близина на зглоб (бурза, тетива, лигамент и зглобна капсула) во случаи на гонартроза

Etofenamate претставува нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ), неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Се нанесува околу 10cm долга лента од etofenamate гелот, во тенок слој и со нежно втривање, на секои 8 часа.

  • Хиперсензитивност кон etofenamate;
  • Историја на реакции на хиперсензитивност (астма, бронхоспазам, ринитис, ангиоедем или уртикарија) кои се појавуваат по употреба на ацетилсалицилна киселина или НСАИЛи;
  • Отворени повреди, инфламации или инфекции на кожата, како и егзем на кожата;
  • Апликација на очите, усните или на мукозните мембрани;
  • Трет триместар од бременоста;
  • Деца и адолесценти.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на etofenamate за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со etofenamate.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Дерматитис, еритем, пруритус, чувство на печење, хиперсензитивност, кожен осип.
Ретки
  • Реакции на хиперсензитивност, локални алергиски реакции (контактен дерматитис).
Многу ретки
  • Едеми.
Непознато
  • Фотосензитивност.

Во случај на предозирање, може да дојде до појава на главоболка, вертиго и/или епигастрична болка.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M02AA06
Генерично име:etofenamate
Латинично име:Etofenamate gel
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:100mg/g гел
Производител:СЕПТИМА дооел
Носител на одобрение:MADAUS GmbH, Тројсдорф, Германија