Инфламаторни ревматски заболувања
- Ревматоиден артритис, остеоартритис, спондилоартритис (анкилозирачки спондилитис и сродни болести), хроничен јувенилен артритис.
Дегенеративен ревматизам на зглобовите и ‘рбетот
- Остеоартритис, спондилоза.
Артритис предизвикан од кристализација
Бонзглобен ревматизам
- Периартритис, бурзитис, миозитис, тендинитис, синовитис.
Повреди на мекото ткиво
Примарна и секундарна дисменореа
Стоматолошки интесвенции
Пост-оперативни болки
Ренални или билијарни колики
Diclofenac претставува нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ), неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.
Препорачана доза на diclofenac е 75 – 150 mg дневно, односно по 1 капсула на секои 12 часа.
Diclofenac може да ја намали плодноста кај жените.
Поради можност од појава на вертиго, визуелни нарушувања, сомноленција, нарушувања на CNS, поспаност или замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.