Акутна егзацербација на инфламаторни и дегенеративни форми на реума, ревматоиден артритис и остеоартритис
Акутен напад на гихт
Ренални колики
Пост-трауматска и пост-оперативна болка, инфламација и едем
Акутна траума и фрактури
Diclofenac претставува нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ), неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.
Diclofenac може да ја намали плодноста кај жените.
Поради можност од појава на вертиго, визуелни нарушувања, сомноленција, нарушувања на CNS, поспаност или замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.