Лек: Волтарен ФОРТЕ

  • ATC код:M01AB05
  • Компанија:НОВАРТИС ФАРМА СЕРВИСИС АГ - Претставништво Република Северна Македонија
  • Доза:50mg гастро-резистентни таблети
Ревматски заболувања
  • Ревматоиден артритис, остеоартритис, спондилоартритис (анкилозирачки спондилитис и сродни болести), акутен напад на гихт.
Акутни мускулно-скелетни нарушувања
  • Периартритис, тендинитис, тендосиновитис, бурзитис.
Други болни состојби
  • Пост-трауматски состојби (фрактури, изместувања, истегнувања), примарна дисменореа, болни состојби на ‘рбетот, пост-оперативна болка по помали ортопедски, стоматолошки и други помали хируршки интервенции. 

Diclofenac претставува нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ), неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Возрасни пациенти
  • Препорачана доза на diclofenac е 100 – 150 mg на секои 8 – 12 часа.
  • Хиперсензитивност кон diclofenac;
  • Активен гастричен или интестинален улкус, крварење или перфорација;
  • Историја на гастроинтестинално крварење или перфорација асоцирани со претходна примена на НСАИЛи;
  • Активен пептичен улкус или историја на рекурентен пептичен улкус или гастроинтестинално крварење;
  • Последен триместар од бременоста;
  • Хепатална инсуфициенција;
  • Ренална инсуфициенција;
  • Дијагностицирана конгестивна срцева инсуфициенција (NYHA II – IV), исхемична срцева болест, периферна артериска болест и/или цереброваскуларна болест;
  • Пациенти со астма со хиперсензитивност кон ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛи.
Литиум и дигоксин
  • Истовремената употреба на diclofenac со литиум или дигоксин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на литиум и/или дигоксин; дополнително, истовремената употреба на diclofenac со дигоксин може да резултира со егзацербација на кардијална инсуфициенција, намалување на гломеруларниот проток и зголемување на плазматската концентрација на дигоксин.
Диуретици и други антихипертензиви
  • Истовремената употреба на diclofenac со диуретици и некои антихипертензиви може да резултира со намалување на антихипертензивното дејство на диуретиците и на некои антихипертензиви, како што се β-блокатори или АКЕ-инхибитори. Дополнително, истовремената употреба на diclofenac со диуретици кои штедат калиум може да го зголеми ризикот од појава на хиперкалиемија. 
Антикоагуланси
  • Истовремената употреба на diclofenac со антикоагуланси може да го зголеми ризикот од крварење и да доведе до реверзибилна инхибиција на агрегација на тромбоцитите.
Други НСАИЛи и кортикостероиди
  • Истовремената употреба на diclofenac со други НСАИЛи или кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на гастроинтестинални несакани ефекти.
Селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на diclofenac со селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање може да го зголеми ризикот од појава на гастроинтестинално крварење.
Орални антидијабетици
  • Истовремената употреба на diclofenac со орални антидијабетици може да резултира со нарушување на нивото на глукоза во крвта, кое може да се манифестира во облик на хипо- или хипергликемија.
Метотрексат
  • Истовремената употреба на diclofenac со метотрексат може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на метотрексат и потенцирање на неговите токсични ефекти.
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на diclofenac со циклоспорин може да резултира со потенцирање на нефротоксичноста на циклоспорин.
Кинолонски антибиотици
  • Истовремената употреба на diclofenac со кинолонски антибиотици може да резултира со појава на конвулзии.
Мифепристон
  • Истовремената употреба на diclofenac со мифепристон може да резултира со намалување на фармаколошката активност на мифепристон.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на diclofenac за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со diclofenac.

Diclofenac може да ја намали плодноста кај жените.

Многу чести

/

Чести
  • Главоболка, вертиго, наузеа, вомитус, дијареа, диспепсија, абдоминална болка, флатуленција и анорексија, покачување на серумските нивоа на трансаминазите, осип.
Помалку чести
  • Миокарден инфаркт, кардијална инсуфициенција, палпитации, градна болка.
Ретки
  • Реакции на хиперсензитивност, како астма, системска анафилактичка и анафилактоидна реакција (вклучувајќи хипотензија и шок), сомноленција, замор, астма, диспнеа, гастритис, гастроинтестинална хеморагија, хематемеза, мелена, гастричен или интестинален улкус (со или без крварење и перфорација), хепатитис, иктерус, ренални нарушувања, уртикарија, едем.
Многу ретки
  • Тромбоцитопенија, леукопенија, анемија (вклучувајќи хемолитичка и апластична анемија), агранулоцитоза, ангионевротски едем (вклучувајќи фацијален едем), дезориентација, депресија, инсомнија, кошмари, иритабилност, психички нарушувања, парестезии, нарушено помнење, конвулзии, анксиозност, тремор, асептичен менингитис, дисгеузија, цереброваскуларни нарушувања, нарушување на видот (диплопија, заматен вид), тинитус, нарушување на слухот, хипертензија, хипотензија, васкулитис, пневмонитис, колитис (вклучувајќи хеморагичен колитис и егзацербација на улцеративен колитис или Кронова болест), опстипација, стоматитис, глоситис, езофагеални нарушувања, интестинални структури, панкреатитис, фулминантен хепатитис, хепатална некроза, хепатална инсуфициенција, булозни промени, егзем, еритем, erythema multiforme, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, ексфолијативен дерматитис, алопеција, фотосензитивни кожни реакции, пурпура, алергиска пурпура и пруритус, акутна ренална инсуфициенција, хематурија, протеинурија, нефротски синдром, интерстицијален нефритис, ренална папиларна некроза, хипертензија, хипотензија, васкулитис, импотенција.
Непознато

/

Симптоми
  • Главоболка, наузеа, вомитус, епигастрична болка, гастроинтестинално крварење, дијареа, вертиго, дезориентација, ексцитација, кома, поспаност, тинитус, кома или конвулзии; 
  • Во случај на сигнификантно предозирање се јавува акутна ренална инсуфициенција и хепатално оштетување.
Третман
  • Симптоматски и супортивен; 
  • Се препорачува примена на активен јаглен или гастрична лаважа 1 час по ингестија на потенцијално токсични дози; 
  • Честите и продолжени конвулзии се третираат со интравенска администрација на диазепам.

Поради можност од појава на вертиго, визуелни нарушувања, сомноленција, нарушувања на CNS, поспаност или замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AB05
Генерично име:diclofenac
Латинично име:Diclofenac gastro-resistant tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg гастро-резистентни таблети
Производител:НОВАРТИС ФАРМА СЕРВИСИС АГ - Претставништво Република Северна Македонија
Носител на одобрение:Novartis Saglik Gida ve Tarim, Истанбул, Турција