Abiraterone претставува потентен, селективен и иреверзибилен инхибитор на ензимот 17-α-хидроксилаза/С17,20-лиаза (CYP17) - ензим кој е вклучен во биосинтезата на андрогените на ниво на тестикуларните, адреналните и простатичните туморски ткива. CYP17 ја катализира конверзијата на прегненолон и прогестерон до дихидроепиандростерон и андростендион (прекурсори на тестостерон), соодветно преку 17-α-хидроксилација. Со инхибиција на активноста на овој ензим, аbiraterone ја блокира синтезата на андрогените, а истовремено ја зголемува продукцијата на минералокортикоидите од страна на адреналната жлезда.
Препорачана доза на abiraterone е 1000mg, администрирана како единечна дневна доза.
Abiraterone се зема најмалку 2 часа по, односно 1 час пред оброк.
Аbiraterone се зема во комбинација со преднизон или преднизолон, администрирани во доза од 10mg дневно.
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно ренално оштетување;
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со умерено до сериозно ренално оштетување.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно хепатално оштетување. Доколку за време на спроведување на терапијата со abiraterone дојде до развој на хепатотоксичност, се препорачува прекин на терапијата, а по нормализирање на серумските нивоа на аланин аминотрансфераза и аспартат аминотрансфераза, се администрира дневна доза од 500mg abiraterone.
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со умерено хепатално оштетување;
- Употребата на abiraterone кај пациенти со тешко хепатално оштетување е контраиндицирана.
Abiraterone покажува реверзибилни ефекти врз репродуктивноста.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.