Лек: Меристат-Сановел МР

  • ATC код:J01FA09
  • Компанија:САНОВЕЛ ИЛАЧ САНАЈИ ВЕ ТИЏАРЕТ АНОНИМ ШИРКЕТИ, Претставништво
  • Доза:250mg / 5mL гранули за перорална суспензија (шише од обоено стакло со капацитет од 125 ml (за припрема на 100 ml суспенција)+градуирана пипета за дозирање/кутија)
Инфекции на горен респираторен тракт
Тонзилофарингитис
Акутен синуситис
Инфекции на долен респираторен тракт
Акутен бактериски бронхитис
Акутно влошување на хроничен бронхитис
Пневмонија
Инфекции на кожата и поткожното ткиво

Clarithromycin е макролиден антимикробен агенс за системска употреба. Антибактериското дејство го покажува преку селективно врзување за 50s рибозомската подединица на подложните бактерии, притоа спречувајќи ја транслокацијата на активирани аминокиселини. Ова резултира со инхибиција на синтезата на протеини на сензитивните бактерии.

Препорачана доза на clarithromycin кај педијатриски пациенти на возраст до 12 години е 15 mg/kg телесна тежина, поделена во две дози.

Табела 1. Прилагодување на дозата

Телесна тежина на детето

Доза (mL) за перорална суспензија од 125mg / 5mL (шприц)

Доза (mL) за перорална суспензија од 250mg / 5mL (шприц)

Доза (mg)

33 kg

10mL на 12 часа (2 шприца)

5mL на 12 часа (1 шприц)

250 mg

24 kg

7,5mL на 12 часа

(1 ½  шприца)

3,75mL на 12 часа

(¾ шприц)

187.5 mg

16 kg

5mL на 12 часа (1 шприц)

2,5mL на 12 часа

(½ шприц) 

125 mg

8 kg

2,5mL на 12 часа (½  шприц)

1,25mL на 12 часа

 (¼ шприц) 

62.5 mg

  • Хиперсензитивност кон clarithromycin
  • Истовремена употреба на ерготамин или дихидроерготамин; 
  • Истовремена употреба на орален мидазолам; 
  • Истовремена употреба на било кој од следните лекови: астемизол, цисаприд, пимозид, домперидон, терфенадин, поради тоа што може да доведе до продолжување на QT-интервалот и срцеви аритмии, вклучувајќи вентрикуларна тахикардија, вентрикуларна фибрилација и torsades de pointes;
  • Пациенти со историја на пролонгирање на QT-интервалот (вродени или документирано стекнати QT-пролонгирања) или вентрикуларна срцева аритмија, вклучувајќи и torsades de pointes;
  • Истовремена употреба на тикагрелор или ранолазин;
  • Истовремена употреба на ломитапид;
  • Истовремена употреба на HMG-CoA редуктаза инхибитори поради зголемениот ризик од појава на миопатија, вклучувајќи и рабдомиолиза;
  • Истовремена употреба на колхицин;
  • Пациенти со нарушувања на електролитниот баланс (хипокалиемија, хипомагнеземија); 
  • Тешка хепатална инсуфициенција во комбинација со ренално нарушување. 
Цисаприд, пимозид, астемизол, терфенадин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со цисаприд, пимозид, астемизол или терфенадин може да резултира со пролонгирање на QT-интервалот и срцеви аритмии, вклучувајќи вентрикуларна тахикардија, вентрикуларна фибрилација и torsades de pointes
Алкалоиди на еризипели
  • Истовремената употреба на clarithromycin со ерготамин или дихидроерготамин може да резултира со акутна токсичност на ергот, која се карактеризира со вазоспазам и исхемија на екстремитетите и други ткива, вклучувајќи го и CNS.
Орален мидазолам
  • Истовремената употреба на clarithromycin со орален мидазолам може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на мидазолам.
HMG-CoA-редуктаза инхибитори
  • Истовремената употреба на clarithromycin со HMG-CoA-редуктаза инхибитори (статини) може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на статините и да го зголеми ризикот од појава на рабдомиолиза и миопатија.
Ломитапид
  • Истовремената употреба на clarithromycin со ломитапид може да резултира со значително зголемување на серумските нивоа на трансаминазите.
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на clarithromycin со индуктори на CYP450 3A4, како рифампицин, фенитоин, фенобарбитал, карбамазепин, кантарион може да резултира со намалување на плазматската концентрација на clarithromycin.
Ефавиренз, невирапин, рифампицин, рифабутин и рифапентин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со лекови како ефавиренз, невирапин, рифампицин, рифабутин или рифапентин може да резултира со сигнификантно намалување на плазматската концентрација на clarithromycin.
Етравирин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со етравирин може да резултира со намалување на изложеноста на етравирин.
Флуконазол
  • Истовремената употреба на clarithromycin со флуконазол може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на clarithromycin.
Ритонавир
  • Истовремената употреба на clarithromycin со ритонавир може да резултира со значително зголемување на плазматската концентрација на clarithromycin.
Директно-делувачки орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на clarithromycin со орални антикоагуланси со директно дејство може да го зголеми ризикот од хеморагија.
Антиаритмици
  • Истовремената употреба на clarithromycin со антиаритмици може да резултира со појава на torsades de pointes.
Орални антихипергликемици / инсулин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со инсулин или орални антихипергликемици (натеглинид, репаглинид) може да резултира со појава на хипогликемија.
Омепразол
  • Истовремената употреба на clarithromycin со омепразол може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на омепразол.
Силденафил, тадалафил, варденафил
  • Истовремената употреба на clarithromycin со силденафил, тадалафил или варденафил може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на овие лекови.
Теофилин, карбамазепин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со теофилин или карбамазепин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на теофилин и карбамазепин.
Толтеродин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со толтеродин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на толтеродин.
Триазолбензодиазепини
  • Истовремената употреба на clarithromycin со алпразолам, мидазолам или триазолам може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на триазолбензодиазепините.
Колхицин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со колхицин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на колхицин.
Дигоксин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со дигоксин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на дигоксин.
Зидовудин
  • Истовремената употреба на clarithromycin со зидовудин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на зидовудин.
Фенитоин и валпроат
  • Истовремената употреба на clarithromycin со фенитоин или валпроат може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на фенитоин и валпроат.
Атазанавир
  • Истовремената употреба на clarithromycin со атазанавир може да резултира со двојно зголемување на плазматската концентрација на двата лекови.
Блокатори на калциумови канали
  • Истовремената употреба на clarithromycin со блокатори на калциумови канали може да резултира со појава на хипотензија, брадиаритмија и млечна ацидоза.
Итраконазол
  • Истовремената употреба на clarithromycin со итраконазол може да резултира со двојно зголемување на плазматската концентрација на двата лекови.
Сакинавир
  • Истовремената употреба на clarithromycin со сакинавир може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на clarithromycin.

Нема влијание.

Не е релевантно.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Инсомнија, дисгеузија, главоболка, дијареа, вомитус, диспепсија, наузеа, абдоминална болка, абнормални тестови за хепаталната функција, осип, хиперхидроза.
Помалку чести
  • Кандидијаза, вагинална инфекција, леукопенија, неутропенија, еозинофилија, хиперсензитивност, анорексија, намален апетит, анксиозност, вертиго, поспаност, тремор, вртоглавица, оштетен слух, тинитус, продолжен QT-интервал на електрокардиограм, палпитации, гастритис, стоматитис, глоситис, абдоминална дистензија, констипација, сува уста, подригнување, флатуленција, холестаза, хепатитис, зголемени серумски нивоа на ALT, AST и GGT, пруритус, уртикарија, слабост, астенија, болка во градите, грозница, замор, зголемени нивоа на ALP и LDH во крвта.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Псевдомембранозен колитис, еризипелас, агранулоцитоза, тромбоцитопенија, анафилактички реакции, ангиоедем, психотично нарушување, состојба на конфузија, деперсонализација, депресија, дезориентација, халуцинации, абнормални соништа, конвулзии, агеузија, паросмија, аносмија, парестезија, глувост, torsade de pointes, вентрикуларна тахикардија, вентрикуларна фибрилација, хеморагија, акутен панкреатитис, дисколорација на јазикот и/или забите, хепатална инсуфициенција, хепатоцелуларна жолтица, сериозни несакани реакции на кожата (SCAR) како акутна генерализирана егзантематозна пустулоза (AGEP), Stevenѕ-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, осип на лекот пропратен со еозинофилија и системски симптоми (DRESS), акни, рабдомиолиза, миопатија, ренална инсуфициенција, интерстицијален нефритис, зголемен INR, продолжено протромбинско време, абнормална боја на урината.

Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Не е релевантно.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J01FA09
Генерично име:clarithromycin
Латинично име:Clarithromycin granules for oral suspension
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:250mg / 5mL гранули за перорална суспензија (шише од обоено стакло со капацитет од 125 ml (за припрема на 100 ml суспенција)+градуирана пипета за дозирање/кутија)
Производител:САНОВЕЛ ИЛАЧ САНАЈИ ВЕ ТИЏАРЕТ АНОНИМ ШИРКЕТИ, Претставништво
Носител на одобрение:SANOVEL Ilac Sanayi ve Ticaret A.S., Силиври/Истанбул, Турција