Лек: Тампрост

  • ATC код:G04CA02
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:0,4mg таблети со продолжено ослободување
Симптоми на долниот уринарен тракт асоцирани со бенигна хиперплазија на простатата

Tamsulosin претставува блокатор на α-1А и α-1D адренорецепторите кои се наоѓаат во простатата; со блокирање на овие рецептори доаѓа до релаксација на мазната мускулатура на простатата и до олеснување на уринарниот проток. Со блокирање на α-1D адренорецепторите доаѓа до релаксација на m.detrusor на ниво на мочниот меур, со што се спречува уринарна ретенција.

Препорачана дневна доза на tamsulosin е 0,4mg.

  • Хиперсензитивност кон tamsulosin;
  • Ортостатска хипотензија или анамнеза на ортостатска хипотензија;
  • Тешка хепатална инсуфициенција.
Циметидин
  • Истовремената употреба на tamsulosin со циметидин резултира со зголемување на плазматската концентрација на tamsulosin.
Фуросемид
  • Истовремената употреба на tamsulosin со фуросемид резултира со зголемување на плазматската концентрација на tamsulosin.
Диклофенак и варфарин
  • Истовремената употреба на tamsulosin со диклофенак или варфарин може да резултира со зголемување на клиренсот на tamsulosin.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на tamsulosin со силни инхибитори на CYP450 3A4 може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на tamsulosin
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на tamsulosin со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на tamsulosin.

Tamsulosin е контраиндициран за употреба кај жени.

Нема податоци.

Чести
  • Вертиго, ејакулациони нарушувања (ретроградна ејакулација и неуспешна ејакулација).
Помалку чести
  • Главоболка, палпитации, ортостатска хипотензија, ринитис, опстипација, дијареа, мачнина, вомитус, раш, чешање, уртикарија, астенија.
Ретки
  • Синкопа, ангиоедем.
Многу ретки
  • Stevens-Johnson-ов синдром, пријапизам.
Непознато
  • Заматен вид, оштетен вид, епистакса, сува уста, erythema multiformedermatitis exfoliative.
Многу чести

/

Симптоми
  • Тешки хипотензивни ефекти.

Третман
  • Во случај на акутна хипотензија, се администрираат плазма експандери, а по потреба и вазопресори; 
  • Применливо е и индуцирање на емеза или гастрична лаважа, администрација на активен јаглен и осмотски лаксативи (натриум сулфат), во случај на перорално предозирање со tamsulosin.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:G04CA02
Генерично име:tamsulosin
Латинично име:Tamsulosin prolonged-release tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:0,4mg таблети со продолжено ослободување
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:LEK farmacevtska druzba d.d., Љубљана, Словенија, SALUTAS Pharma GmbH, Барлебен, Германија, LEK S.A. , Варшава, Полска, LEK farmacevtska druzba d.d, Лендава, Словенија