Констипација
Хемороиди или операција на постколоналната / аналната регија
Хепатална енцефалопатија
- Применливо за превенција и третман на хепатална прет-кома и кома.
Lactulose претставува осмотски лаксатив; lactulose се разложува на ниво на колонот од страна на локалните микроорганизми до ниско-молекуларни органски киселини кои ја намалуваат вредноста на рН во луменот на колонот, а преку осмотски ефект ја апсорбираат водата од околната средина и го зголемуваат волуменот на содржината во колонот. Ова доведува до стимулација на перисталтиката на колонот и до олеснето празнење на цревата.
Опстипација Табела 1. Прилагодување на дозата
Прилагодување на дозата
|
Почетна дневна доза
|
Дневна доза на одржување
|
Возрасни и адолесценти (≥ 15 години)
|
15 - 45 mL
|
15 - 30 mL
|
Деца на возраст од 7 - 14 години
|
15mL
|
10 - 15 mL
|
Деца на возраст од 1 - 6 години
|
5 - 10 mL
|
5 - 10 mL
|
Доенчиња на возраст под 1 година
|
до 5mL
|
до 5mL
|
Хепатална енцефалопатија
- Препорачана почетна доза на lactulose е 30 - 45 mL, на секои 6 - 8 часа.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Нема клинички значајни интеракции.
Lactulose може да се употребува за време на бременост и доење.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.