Симптоматски третман на акутна блага го умерена артралгија и мијалгија
Дисменореа
Забоболка
Dexketoprofen e лек кој припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи), а неговиот механизам на дејство подразбира редукција на синтезата на проинфламаторни простагландини преку инхибиција на активноста на ензимот циклооксигеназа (СОХ1 и COX2); инхибицијата на активноста на СОХ2 резултира со инхибиција на синтеза на проинфламаторни простагландини, додека инхибицијата на активноста на СОХ1 резултира со инхибиција на синтеза на протективни простагландини, од кадешто потекнуваат и несаканите дејства на кетопрофенот.
Препорачана доза на dexketoprofen e 25mg на секои 8 часа.
Максималната дневна доза изнесува 75mg.
Посебни популацииПостари пациенти
- Препорачана вкупна дневна доза на dexketoprofen e 50mg.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачана вкупна дневна доза на dexketoprofen кај пациенти со благо ренално оштетување (креатинин клиренс 60 - 89 mL/min) е 50mg.
Пациенти со хепатално оштетување
- Препорачана вкупна дневна доза на dexketoprofen кај пациенти со блага хепатална инсуфициенција е 50mg.
Dexketoprofen може да има негативно влијание врз плодноста кај жените.
Поради можност од појава на вртоглавица, визуелни нарушувања и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.