Лек: Тигрол

  • ATC код:B01AC24
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:90mg филм-обложени таблети
Превенција на атеротромботични настани кај возрасни пациенти со акутни коронарни синдроми или историја на миокарден инфаркт и висок ризик од развој на атеротромботичен настан
  • Монотерапија или во комбинација со ацетилсалицилна киселина. 

Ticagrelor е антагонист на рецепторот P2Y12; овој рецептор се поврзува со Gai2 и други Gi протеини кои ја инхибираат аденилил циклазата. Антагонизмот на рецепторот P2Y12 го намалува развојот на оклузивни тромбози, што може да го намали ризикот од миокарден инфаркт и исхемичен мозочен удар.

Акутни коронарни синдроми
  • Препорачана почетна ударна доза на ticagrelor е 180mg, а потоа се продолжува со доза од 90mg на секои 12 часа;
  • Третманот со доза на ticagrelor од 90mg на секои 12 часа се препорачува во времетрање од 12 месеци кај пациенти со акутни коронарни синдроми.
Историја на миокарден инфаркт
  • Препорачана дневна доза на ticagrelor e 60mg, на секои 12 часа, кога е потребен продолжен третман  во времетраење од најмалку 1 година кај пациенти со историја на миокардијален инфаркт и висок ризик од атеротромботичен настан.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.

Педијатриска популација
  • Нема податоци. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.

Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување;
  • Кај пациенти со сериозно хепатално оштетување, употребата на ticagrelor е контраиндицирана. 
  • Хиперсензитивност кон ticagrelor
  • Пациенти со тешко хепатално нарушување; 
  • Активно патолошко крварење; 
  • Историја на интракранијална хеморагија; 
  • Истовремена администрација на силни инхибитори на CYP450 3A4 поради зголемена изложеност на ticagrelor и зголемен ризик од крварење.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената администрација на ticagrelor со инхибитори на CYP450 3A4 може да резултира со зголемени плазматски концентрации на ticagrelor.
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената администрација на ticagrelor со индуктори на CYP450 3A4 може да резултира со намалени плазматски концентрации на ticagrelor.
Циклоспорин
  • Истовремената администрација на ticagrelor со циклоспорин може да резултира со зголемени плазматски концентрации на ticagrelor.
Морфин
  • Истовремената администрација на ticagrelor со морфин може да резултира со намалени плазматски концентрации на ticagrelor.
Супстрати на CYP450 3А4
  • Истовремена администрација на ticagrelor со супстрати на CYP450 3A4, како цисаприд или ергот алкалоиди, симвастатин или аторвастатин може да резултира со зголемување на изложеноста на овие лекови.
Супстрати на Р-gp (циклоспорин, дигоксин)
  • Истовремената администрација на ticagrelor со супстрати на Р-гликопротеин, како циклоспорин или дигоксин може да резултира со зголемена плазматска концентрација на дигоксин.
Росувастатин
  • Истовремената администрација на ticagrelor со росувастатин може да резултира со намалена секреција на росувастатин и негова акумулација.
Орални контрацептиви
  • Истовремената администрација на ticagrelor со орални контрацептиви може да резултира со зголемена изложеност на оралните контрацептиви.
Селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената администрација на ticagrelor со селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање може да го зголеми ризикот од крварење.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ticagrelor за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ticagrelor

Нема влијание.

Многу чести
  • Крварења поради крвни нарушувања, хиперурикемија, диспнеа.
Чести
  • Гихт / артритис предизвикан од гихт, зашеметеност, синкопа, главоболка, вертиго, хипотензија, крварење од респираторниот систем, гастроинтестинална хеморагија, дијареа, наузеа, диспепсија, констипација, поткожно или дермално крварење, осип, пруритус, крварења од уринарен тракт, постпроцедурални крварења, трауматски крварења, зголемени серумски нивоа на креатинин.
Помалку чести
  • Крварења на карциноми, хиперсензитивност вклучувајќи и ангиоедем, конфузија, интракранијална хеморагија, крварења на очите, крварење во увото, ретроперитонеална хеморагија, мускулни крварења, крварење на ниво на репродуктивен систем.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознати
  • Тромбоцитопенична пурпура, брадиаритмија, AV блок.
Симптоми
  • Диспнеа и вентрикуларни паузи.
Третман
  • Следење на ЕКГ и супортивен третман. 

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:B01AC24
Генерично име:ticagrelor
Латинично име:Ticagrelor film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:90mg филм-обложени таблети
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска