Лек: Ангиозил Ретард

  • ATC код:C01EB15
  • Компанија:Промедика доо
  • Доза:35mg филм-обложена таблета со модифицирано ослободување
Симптоматски третман на стабилна ангина пекторис

Тrimetazidine делува преку механизам на инхибиција на активноста на митохондријалната 3-кетоацил коензим А тиолаза и супресија на β-оксидацијата на масните киселини со долг ланец, со што се зголемува искористеноста на глукозата и на тој начин се превенира снижување на миокардијалната рН-вредност и се намалува контрактилноста на миокардот. 

Препорачана доза на trimetazidine е 35mg на секои 12 часа, за време на оброк. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Препорачана доза на trimetazidine кај постари пациенти е 35mg дневно, администрирана за време на оброк.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Препорачана доза на trimetazidine кај пациенти со креатинин клиренс од 30 - 60 mL/min е 35mg дневно, администрирана наутро, после појадок.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон trimetazidine
  • Паркинсонова болест, екстрапирамидални симптоми, тремор, синдром на немирни нозе и други болести поврзани со движењето;
  • Тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30 mL/imin).

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на trimetazidine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со trimetazidine.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Вертиго, главоболка, абдоминална болка, дијареа, диспепсија, мачнина, вомитус, осип, пруритус, уртикарија, астенија.
Помалку чести

/

Ретки
  • Палпитации, екстрасистоли, тахикардија, артериска хипотензија, ортостатска хипотензија, црвенило со чувство на топлина.
Многу ретки

/

Непознато
  • Екстрапирамидални симптоми (тремор, акинезија, хипертонија, нарушување на движењето, синдром на немирни нозе, поспаност, инсомнија, вертиго, констипација, акутна генерализирана егзантематозна пустулоза, ангиоедем, агранулоцитоза, тромбоцитопенија, тромбоцитопенична пурпура, хепатитис.

Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вертиго и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C01EB15
Генерично име:trimetazidine
Латинично име:Trimetazidine prolonged-release film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:35mg филм-обложена таблета со модифицирано ослободување
Производител:Промедика доо
Носител на одобрение:ЗАО ФармФирма "СОТЕКС" , Беликово, Руска Федерација