Симптоматски третман на стабилна ангина пекторис
Тrimetazidine делува преку механизам на инхибиција на активноста на митохондријалната 3-кетоацил коензим А тиолаза и супресија на β-оксидацијата на масните киселини со долг ланец, со што се зголемува искористеноста на глукозата и на тој начин се превенира снижување на миокардијалната рН-вредност и се намалува контрактилноста на миокардот.
Препорачана доза на trimetazidine е 35mg на секои 12 часа, за време на оброк.
Посебни популацииПостари пациенти
- Препорачана доза на trimetazidine кај постари пациенти е 35mg дневно, администрирана за време на оброк.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачана доза на trimetazidine кај пациенти со креатинин клиренс од 30 - 60 mL/min е 35mg дневно, администрирана наутро, после појадок.
Пациенти со хепатално оштетување
Нема клинички значајни интеракции.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на вертиго и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.