Лек: Витамин Д3 Крка

  • ATC код:A11CC05
  • Компанија:КРКА - ФАРМА дооел
  • Доза:1000 IE таблети (30 таблети (блистер (3 х 10)/кутија)
Превенција и третман на витамин D дефициенција
Дополнителна терапија при остеопороза

Примарната улога на сolecalciferol во организмот е одржување на нормалните серумски нивоа на калциум и фосфати преку механизам на олеснета апсорпција на калциумовите и фосфатните јони на интестинално ниво. На ниво на хепарот, витаминот D3 и D2 се хидроксилираат до 25-хидроксивитамин D, а потоа и до нивниот активен метаболит 1,25-дихидроксивитамин D на ренално ниво. Крајниот метаболит на витамин D се врзува за кореспондирачките рецептори на витамин D, што резултира со регулација на плазматската концентрација на калциумовите јони, регулација на плазматската концентрација на паратироидниот хормон, промоција на ренална реапсорпција на калциумови јони, зголемена интестинална апсорпција на калциумови и фосфатни јони и зголемена имобилизаија на калциумовите и фосфатните јони од коските во плазмата. Генерално, калцитриол интерреагира со интестиналните рецептори на витамин D со цел да ја подобри интестиналната апсорпција на калциумовите и фосфатните јони, а исто така се врзува и со рецепторите сместени на површината на остеокластите; ова резултира со стимулација на лигандот на рецепторниот активатор на нуклеарниот фактор kappa B, кој понатаму реагира со рецепторниот активатор на нуклеарниот фактор kappa B на незрелите пре-остеокласти, со цел нивно созревање до остеокласти и со цел овозможување на адекватна коскена ресорпција. На крај, калцитриол ја стимулира реапсорпцијата на калциумовите јони од гломеруларниот филтрат на ренално ниво.

Превенција на витамин D дефициенција
  • Препорачана дневна доза на colecalciferol кај педијатриски пациенти на возраст над 6 години, адолесценти и возрасни пациенти е 1000 IE, односно 25µg colecalciferol.
Третман на витамин D дефициенција
  • Препорачана дневна доза на colecalciferol кај адолесценти како почетна терапија (6 - 12 недели) е 2000 IE, односно 50µg colecalciferol; 
  • Препорачана дневна доза на colecalciferol кај возрасни пациенти како почетна терапија (6 - 12 недели) е 4000 IE, односно 100µg colecalciferol; 
  • Препорачана доза на одржување на colecalciferol кај адолесценти како почетна терапија (6 - 12 недели) е 1000 IE, односно 25µg colecalciferol; 
  • Препорачана доза на одржување на colecalciferol кај возрасни пациенти како почетна терапија (6 - 12 недели) е 2000 IE, односно 50µg colecalciferol.
Дополнителна терапија при остеопороза
  • Препорачана дневна доза на colecalciferol е 1000 IE, односно 25µg colecalciferol; 
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Потребно е прилагодување на дозата кај педијатриски пациенти на возраст од 6 - 11 години.
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
  • Хиперсензитивност кон colecalciferol
  • Хиперкалциемија и/или хиперкалциурија; 
  • Тешко ренално нарушување; 
  • Хипервитаминоза со витамин D; 
  • Нефролитијаза / нефрокалциноза.
Фенитоин или барбитурати
  • Истовремената употреба на colecalciferol со фенитоин или барбитурати може да резултира со намалување на плазматската концентрација на colecalciferol.
Глукокортикоиди
  • Истовремената употреба на colecalciferol со глукокортикоиди може да резултира со намалување на терапевтското дејство на colecalciferol.
Рифампицин, изониазид
  • Истовремената употреба на colecalciferol со рифампицин или изониазид може да резултира со намалување на плазматската концентрација на colecalciferol.
Орлистат или холестирамин
  • Истовремената употреба на colecalciferol со орлистат или смоли на јонска размена (холестирамин) може да резултира со намалување на интестиналната апсорпција на colecalciferol
Тиазидни диуретици
  • Истовремената употреба на colecalciferol со тиазидни диуретици може да резултира со хиперкалциемија. 
Гликозиди на дигиталис
  • Истовремената употреба на colecalciferol со гликозиди на дигиталис може да резултира со појава на хиперкалиемија.
Аналози на витамин D
  • Истовремената употреба на colecalciferol со аналози на витамин D може да резултира со хипервитаминоза D и хиперкалциемија.
Антациди кои содржат алуминиум
  • Истовремената употреба на colecalciferol со антациди кои содржат алуминиум може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на алуминиум.
Производи кои содржат калциум и фосфор
  • Истовремената употреба на colecalciferol со производи кои содржат калциум и фосфор може да резултира со појава на хиперкалциемија.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на colecalciferol за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со colecalciferol.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Хиперкалциурија, хиперкалциемија, констипација, флатуленција, наузеа, абдоминална болка, дијареа, хиперсензитивни реакции како пруритус, осип или уртикарија.
Симптоми
  • Хиперкалциемија, замор, мускулна слабост, анорексија, наузеа, вомитус, констипација, дијареа, полиурија, ноктурија, прекумерно потење, главоболка, полидипсија, поспаност, вертиго, хиперкалциурија, хипервитаминоза D, аритмија, кома и летален исход. 
Третман
  • Рехидратација; 
  • Администрација на глукокортикоиди, диуретици на Хенлеова петелка калцитонин или бифосфонати.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A11CC05
Генерично име:colecalciferol
Латинично име:Colecalciferol tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1000 IE таблети (30 таблети (блистер (3 х 10)/кутија)
Производител:КРКА - ФАРМА дооел
Носител на одобрение:KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија