Третман на акутна болка и примарна дисменореја
Nimesulide е селективен COX-2 инхибитор кој делува преку механизам на инхибиција на синтеза на проинфламаторните простагландини.
Препорачана доза на nimesulide e 100mg на секои 12 часа, после оброк.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Употребата на nimesulide кај деца под 12-годишна возраст е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата на nimesulide кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
- Употребата на nimesulide кај пациенти со сериозно ренално оштетување е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Употребата на nimesulide е контраиндицирана.
Употребата на nimesulide кај жени во репродуктивен период е контраиндицирана.
Поради ризик од појава на поспаност, вртоглавица и зашеметеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба,начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.