Лек: Аирфлусал Форспиро

  • ATC код:R03AK06
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:50µg / 250µg прашок за инхалација
Астма
Хронична опструктивна белодробна болест
  • Вклучувајќи симптоматска терапија на хронична опструктивна белодробна болест и историја на повторувачки егзацербации.
Salmeterol
  • Salmeterol претставува β2-адренергичен агонист кој делува преку механизам на врзување за β2-адренорецепторите сместени во бронхијалната мазна мускулатура и предизвикува релаксација на бронхијалната мазна мускулатура, бронходилатација и ја подобрува проодноста на респираторните патишта. Долго-делувачкиот ефект на salmeterol се должи на неговата способност со своите хидрофилни резидуи да се врзе за леуцинските резидуи на β2-адренорецепторите, со што овој комплекс се формира речиси иреверзибилно. 
Fluticasone
  • Fluticasone претставува кортикостероид од групата на глукокортикоиди кој делува преку механизам на врзување за глукокортикоидните рецептори, со што врши инхибиција на синтезата на проинфламаторните простагландини и инхибиција на активноста на нуклеарниот фактор kappa-B (NF-kB). 
Астма
  • Препорачана доза на salmeterol, fluticasone кај возрасни пациенти и адолесценти над 12-годишна возраст е по една инхалација на секои 12 часа. 
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Препорачана доза на salmeterol, fluticasone кај деца на возраст од 4 - 12 години е 50 / 100 mg, односно по една инхалација на секои 12 часа. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Хронична опструктивна пулмонарна болест
  • Препорачана доза на salmeterol, fluticasone кај возрасни пациенти и адолесценти над 12-годишна возраст е 50 / 500mg, односно по една инхалација на секои 12 часа. 
  • Хиперсензитивност кон salmeterol
  • Хиперсензитивност кон fluticasone
β2-адренергични агонисти
  • Истовремената употреба на salmeterol, fluticasone со други β2-адренергични агонисти може да резултира со појава на хипокалиемија.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Не се препорачува истовремена употреба на salmeterol, fluticasone со инхибитори на CYP450 3A4, како кетоконазол или еритромицин.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на salmeterol, fluticasone за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со salmeterol, fluticasone

Нема податоци.

Многу чести
  • Назофарингитис, главоболка.
Чести
  • Кандидијаза во устата и грлото, пневмонија (кај пациенти со ХОББ), бронхитис, хипокалиемија, иритација на грлото, дисфонија, синуситис, парадоксален бронхоспазам, контузии, грчеви во мускулите, трауматски фрактури, артралгија, мијалгија.
Помалку чести
  • Кутани хиперсензитивни реакции, респираторни симптоми (диспнеа), хипергликемија, анксиозност, тремор, катаракта, палпитации, тахикардија, атријална фибрилација, ангина пекторис.
Ретки
  • Езофагеална кандидијаза, ангиоедем (фацијален или орофарингеален едем), респираторни симптоми (бронхоспазам), анафилактичка реакција, Cushing-ов синдром, Cushing-оидни карактеристики, адренална супресија, ретардација во растот кај деца и адолесценти, намалување на минералната густина на коските, промени во однесување вклучувајќи психомоторна хиперактивност и иритабилност, глауком, кардијална аритмија.
Многу ретки

/

Непознато
  • Депресија, агресија (главно кај деца), заматен вид.

Симптоми
  • Вертиго, зголемување на систолниот крвен притисок, тремор, главоболка и тахикардија.
Третман
  • Нема податоци.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R03AK06
Генерично име:salmeterol, fluticasone
Латинично име:Salmeterol, fluticasone powder for inhalation
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50µg / 250µg прашок за инхалација
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:LEK farmacevtska druzba d.d., Љубљана, Словенија, SALUTAS Pharma GmbH, Барлебен, Германија, LEK farmacevtska druzba d.d, Лендава, Словенија, Aeropharm Pharma GmbH, Рудолштад, Германија