Лек: Натриум хлорид

  • ATC код:B05BB01
  • Компанија:РИФАМ доо
  • Доза:0,9% раствор за инјектирање
Супституција на течности и електролити
  • Применливо во состојби на хипохлоремична алкалоза.
Загуба на хлориди
Изотонична или хипотонична дехидратација
Краткотрајна супституција на интраваскуларен волумен
Раствор - носач за компатибилни лекови

Корекција на електролитен и ацидо-базен дисбаланс. 

Супституција на течности и електролити
  • Препорачана максимална дневна доза на електролити за рутинско одржување на електролитниот баланс е 40 mL/kg телесна тежина;
  • Во случај на дехидратација или дополнителни загуби на течности и електролити (дијареа, треска, вомитус), се препорачува примена на поголеми дози; 
  • Максимална брзина на инфундирање е 5 mL/kg телесна тежина на час, што одговара на 1,7 капки на kg телесна тежина во минута. 
Краткотрајна супституција на интраваскуларен волумен
  • Препорачана максимална брзина на инфундирање е болус од 500mL во времетраење од < 15 min (инфузија под притисок).
Посебни популации
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација

Табела 1. Прилагодување на дозата кај педијатриски пациенти

Возраст

Дневна доза (mL/kg телесна тежина)

Прв ден од животот

120

Втор ден од животот

120

Трет ден од животот

130

Четврт ден од животот

150

Петти ден од животот

160

Шести ден од животот

180

Прв месец од животот

160

> втор месец од животот

150

1 – 2 години

120

3 – 5 години

100

6 – 12 години

80

13 – 18 години

70

  • Во случај на дехидратација или дополнителни загуби на течности и електролити (дијареа, треска, вомитус), се препорачува примена на поголеми дози.
Максимална брзина на инфундирање за рутинско одржување

Табела 2. Максимална брзина на инфундирање за рутинско одржување

Телесна тежина (kg)

mL/h

0 – 10

4 mL/kg телесна тежина на час

10 – 20

40 mL/h + 2 mL/kg телесна тежина на час (за телесна тежина > 10kg)

≥ 20

40 mL/h + 2 mL/kg телесна тежина на час (за телесна тежина > 10kg)

Пациенти со ренално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
  • Екстрацелуларна хиперхидратација или хиперволемија; 
  • Хипернатриемија; 
  • Хиперкалиемија; 
  • Хиперкалциемија; 
  • Хиперхлоремија; 
  • Тешка ренална инсуфициенција со олигоурија или анурија; 
  • Некомпензирана срцева инсуфициенција.
Кортикостероиди, НСАИЛи и карбеноксоли
  • Истовремената употреба на раствор на електролити со лекови кои предизвикуваат задршка на натриум, како што се кортикостероидите, карбеноксолите и НСАИЛи може да резултира со појава на едем и хипертензија.
Лекови кои предизвикуваат хиперкалиемија
  • Истовремената употреба на раствор на електролити со диуретици кои штедат калиум, АКЕ-инхибитори, ангиотензин-II-рецепторни антагонисти, НСАИЛи, циклоспорин, такролимус или суксаметониум може да резултира со хиперкалиемија.
Гликозиди на дигиталис
  • Истовремената употреба на раствор на електролити со кардијални гликозиди може да резултира со намалување на терапевтската ефикасност на кардијалните гликозиди (поради присутниот калиум), додека, поголемите концентрации на калциум во растворите на електролити може да го потенцираат терапевтскиот ефект на кардијалните гликозиди и да доведе до појава на срцева аритмија.
Тиазидни диуретици или витамин D
  • Истовремената употреба на раствор на електролити со тиазидни диуретици или витамин D може да резултира со зголемена ренална апсорпција на калциумови јони.
Раствори кои содржат калиум
  • Истовремената употреба на раствор на електролити со раствори кои содржат калиум може да резултира со појава на хиперкалиемија.
Тетрациклини
  • Истовремената употреба на раствор на електролити со тетрациклини може да резултира со формирање на нерастворливи хелати со што се намалува терапевтската ефикасност на тетрациклините.

Нема влијание.

Растворот на електролити може да се користи за време на бременост и доење. 

Употребата на растворот на електролити е контраиндицирана за време на бременост само во случај на пре-еклампсија.

Нема податоци.

  • Хиперхидратација, срцева инсуфициенција, електролитен дисбаланс, хипонатриемија стекната во болнички услови, акутна хипонатриемична енцефалопатија.
Симптоми
  • Хиперхидратација со зголемена затегнатост на кожата, венска конгестија, едем (пулмонален едем, церебрален едем), електролитен дисбаланс, серумска хиперосмоларност, метаболна ацидоза.
Третман
  • Администрација на диуретици;
  • Корекција на електролитен дисбаланс и нарушена ацидо-базна рамнотежа.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:B05BB01
Генерично име:electrolytes
Латинично име:Electrolytes solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:0,9% раствор за инјектирање
Производител:РИФАМ доо
Носител на одобрение:Fresenius Kabi Poland Ltd, Кутно, Полска, Fresenius Kabi Italy S.r.l , Изола-дела-Скала, Италија, FRESENIUS KABI Deutschland GmbH , Фриедберг, Германија