Лек: Глаумол

  • ATC код:S01ED01
  • Компанија:ГАЛЕНИКА ДООЕЛ Скопје
  • Доза:5 mg/mL капки за очи, раствор
Глауком
Хроничен глауком со отворен агол
  • Вклучително и афакија. 
Секундарен глауком

Timolol е неселективен β-адренергичен антагонист кој ja намалува секрецијата на интраокуларната хумор преку механизам на намалување на дотурот на крв до цилијарното тело, со што го намалува окуларниот притисок. 

Препорачана доза на timolol e 1 капка која се откапува во заболеното око на секои 12 часа. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Препорачана доза на timolol за третман на примарна конгенитална и примарна јувенилна глаукома е 1 капка која се откапува во заболеното око на секои 12 часа. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон timolol
  • Дистрофични промени во рожницата; 
  • Реактивни заболувања на дишните патишта, вклучувајќи бронхијална астма или историја на бронхијална астма или тешко хронично опструктивно заболување; 
  • Синус брадикардија;
  • Синдром на болен синус;
  • Атриовентрикуларен блок од I и II степен кој не е контролиран со пејсмејкер; 
  • Манифестна срцева инсуфициенција;
  • Кардиоген шок.
Блокатори на калциумови канали и β-блокатори
  • Истовремената употреба на timolol со орални блокатори на калциумовите канали или β-блокатори може да резултира со манифестација на адитивен ефект.
Антиаритмици
  • Истовремената употреба на timolol со антиаритмици може да резултира со манифестација на адитивен ефект.
Гликозиди на дигиталис
  • Истовремената употреба на timolol со гликозиди на дигиталис може да резултира со манифестација на адитивен ефект.
Rauvolfia алкалоиди
  • Истовремената употреба на timolol со Rauvolfia алкалоиди може да резултира со манифестација на адитивен ефект.
Парасимпатомиметици
  • Истовремената употреба на timolol со парасимпатомиметици може да резултира со манифестација на адитивен ефект.
Офталмолошки В-блокатори и адреналин
  • Истовремената употреба на timolol со офталмолошки В-блокатори и адреналин може да резултира со појава на мидријаза. 
Инхибитори на CYP450 2D6
  • Истовремената употреба на timolol со инхибитори на CYP450 2D6, како кинидин, флуоксетин или пароксетин може да резултира со потенцирање на системската β-блокада. 
Резерпин
  • Истовремената употреба на timolol со резерпин може да резултира со адитивен ефект и појава на хипотензија и/или изразена брадикардија, што може да доведат до синкопа, вертиго или постурална хипотензија. 

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на timolol за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со timolol.

Нема податоци.

Oкуларни нарушувања
  • Окуларна иритација (печење, боцкање, пруритус, хиперлакримација, црвенило), конјунктивитис, блефаритис, кератитис, суви очи, намалена корнеална сензитивност, заматен вид, корнеална ерозија, диплопија, птоза, хороидално одвојување после филтрациона операција, корнеална калцификација.
Нарушувања на увото и лабиринтот
  • Тинитус.
Кардијални нарушувања
  • Брадикардија, ангина пекторис, аритмија, срцев блок, конгестивна срцева инсуфициенција, палпитации, срцев арест, едем, атриовентрикуларен блок од II или III степен, сино-атријален блок, пулмонарен едем, влошување на артериската инсуфициенција, влошување на ангина пекторис, вазодилатација. 
Васкуларни нарушувања
  • Клаудикација, хипотензија, Reynaud's-ов феномен, ладни екстремитети. 
Респираторни, торакални и медијастинални нарушувања
  • Бронхоспазам, респираторна инсуфициенција, диспнеа, кашлица, свирење во градите. 
Општи нарушувања
  • Астенија, замор, болка во екстремитетите, намалена толеранција кон физичка активност. 
Нарушувања на кожа и поткожното ткиво
  • Алопеција, псоријатичен осип или егзацербација на псоријаза, кожен осип, прекумерно потење, ексфолијативен дерматитис. 
Нарушувања на имуниот систем
  • Системски лупус еритематозус, пруритус, алергиски реакции (анафилакса, ангиоедем, уртикарија, локализиран и генерализиран осип, анафилактичка реакција). 
Психијатриски нарушувања
  • Депресија, инсомнија, кошмари, губење на меморијата, халуцинации, намалена концентрација, интензивирано сонување.
Нарушувања на нервниот систем
  • Синкопа, цереброваскуларни промени, церебрална исхемија, главоболка, вертиго, интензивирање на знаците и симптомите на миастенија гравис, парестезија, локална слабост. 
Гастроинтестинални нарушувања
  • Наузеа, дијареа, вомитус, диспепсија, сува уста, дисгеузија, абдоминална болка.
Нарушувања на репродуктивниот систем и дојките
  • Намалено либидо, Peyronie's-ова болест, сексуална дисфункција, импотенција, отежнато мокрење. 
Метаболни нарушувања
  • Хипогликемија, хипергликемија.
Мускулно-скелетни и нарушувања на сврзното ткиво
  • Мијалгија, артралгија. 
Нарушувања на крвта и лимфниот систем
  • Не-тромбоцитопенична пурпура.
Симптоми
  • Вертиго, главоболка, недостаток на здив, брадикардија, хипотензија, бронхоспазам, акутна кардијална инсуфициенција, срцев арест. 
Третман
  • Гастрична лаважа во случај на ингестирање; 
  • Интравенска администрација на атропин сулфат 0,25 - 2 mg во случај на симптоматска брадикардија; во случај на перзистентна брадикардија, се препорачува интравенска администрација на изопреналин хидрохлорид; 
  • Администрација на допамин, добутамин или норадреналин во случај на хипотензија; 
  • Администрација на изопреналин хидрохлорид во случај на бронхоспазам; 
  • Администрација на гликозиди на дигиталис, диуретици и кислород во случај на срцева инсуфициенција; 
  • Администрација на изопреналин хидрохлорид во случај на срцев блок од II или III степен. 

Поради можност од појава на вертиго, визуелни нарушувања, рефракторни промени, диплопија, чести епизоди на благо изразен и минлив заматен вид и замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:S01ED01
Генерично име:timolol
Латинично име:Timolol eye drops, solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5 mg/mL капки за очи, раствор
Производител:ГАЛЕНИКА ДООЕЛ Скопје
Носител на одобрение:GALENIKA AD, Белград, Србија