Рефлуксен езофагитис
Гастричен и дуоденален улкус
Zollinger-Ellison-ов синдром
Pantoprazole претставува супституиран бензимидазол од групата на инхибитори на протонска пумпа кој делува преку механизам на инхибиција на функцијата на протонската пумпа, така што се врзува за цистеинските резидуи на протонската пумпа и гради дисулфидни мостови, го спречува нејзиното отворање и спречува инфлукс на водородни јони и хлороводородна киселина во гастричниот лумен. Pantoprazole се врзува за сулфхидрилните групи на H+/K+ - ATP-азата - ензим кој го посредува последниот чекор од синтезата на хлороводородната киселина на ниво на гастричните париетални клетки; со инхибиција на овој ензим, се спречува и секрецијата на хророводородна киселина.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на вертиго и нарушен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.