Лек: ИГ Вена

  • ATC код:J06BA02
  • Компанија:ФАРМА ТРЕЈД дооел
  • Доза:1g / 20mL раствор за инфузија
Супституциона терапија
Синдром на примарен недостаток на имунитет со нарушена продукција на антитела
Секундарна имунодефициенција
  • Применливо кај пациенти со тешки или рекурентни инфекции, неефективен антибактериски третман или потврден специфичен недостаток на антитела или ниво на серумски IgG < 4 g/L. 
Имуномодулација
Примарна имуна тромбоцитопенија
Guillain-Barre-ов синдром
Kawasaki заболување
Хронична инфламаторна демиелинизирачка полиневропатија
Мултифокална моторна невропатија

Постигнување на имуномодулаторен ефект.

Immunoglobulin, normal human се администрира интравенски, со почетна брзина на инфундирање од 0,3 mL/kg телесна тежина на час, во времетраење од околу 30 минути, со можност за зголемување на брзината на инфундирање до 4,8 mL/kg телесна тежина на час. 

Супституциона терапија кај синдроми на примарна имунодефициенција
  • Препорачана почетна доза е 0,4 - 0,8 g/kg телесна тежина, администрирана одеднаш, а потоа следи доза од најмалку 0,2 g/kg телесна тежина на секои 3 - 4 недели.
Примарна имуна тромбоцитопенија
  • Препорачана доза е 0,8 - 1 g/kg телесна тежина, администрирана првиот ден, со можност за нејзино повторување еднаш на 3 дена; 
  • Алтернативно, може да се администрира доза од 0,4 g/kg телесна тежина дневно, во период од 2 - 5 дена.
Guillain-Barre-ов синдром
  • Препорачана доза е 0,4 g/kg телесна тежина дневно, во времетраење од 5 дена, со можност за повторување на дозата во случај на релапс.
Kawasaki заболување
  • Препорачана доза е 2,0 g/kg телесна тежина, администрирана како поединечна доза.
Хронична инфламаторна демиелинизирачка полиневропатија
  • Препорачана доза е 2 g/kg телесна тежина, поделена во 2 - 5 последователни денови, проследено со дози на одржување од 1 g/kg телесна тежина, администрирани во 1 - 2 последователни денови, во период од 3 недели.
Мултифокална моторна невропатија
  • Препорачана почетна доза е 2 g/kg телесна тежина, администрирана во 2 - 5 последователни денови;
  • Препорачана доза на одржување е 1 g/kg телесна тежина на секои 2 - 4 недела или 2 g/kg телесна тежина на секоја 4 - 8 недела.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хомологен имуноглобулин;
  • Хиперсензитивност кон immunoglobulin, normal human; 
  • Пациенти со селективна IgA дефициенција кои развиле антитела кон IgA; 
  • Хиперпролинемија тип I или II. 
Вакцини од жив атенуиран вирус
  • Истовремената употреба на immunoglobulin, normal human со атенуирани живи вакцини, како вакцина против мали сипаници, заушки, рубеола и варичела, може да резултира со намалување на ефикасноста на овие вакцини за период од најмалку 6 недели, па до 3 месеци.
Диуретици на Хенлеова петелка
  • Не се препорачува истовремена употреба на immunoglobulin, normal human со диуретици на Хенлеова петелка.

Нема податоци.

Нема податоци кои се однесуваат на безбедноста и ефикасноста од употребата на immunoglobulin, normal human за време на бременост и доење.

Нема влијание.

Чести
  • Анемија, хемолиза, хемолитичка анемија, леукопенија, хиперсензитивност, вертиго и вртоглавица, хипертензија, црвенило, хиперемија, хипотензија, диспнеа, градна болка, непријатност во градите, дишење проследено со болка, наузеа, вомитус, дијареа, абдоминална болка, хипербилирубинемија, кожни нарушувања (осип, пруритус, уртикарија, макуло-папуларен осип, еритем, кожна ексфолијација), мијалгија, мускулни спазми, мускуло-скелетна вкочанетост, мускуло-скелетни болки, болка (болка во грбот, болка во екстремитетите, артралгија, болка во вратот, болка на лицето), пирексија и треска, болест слична на грип (назофарингитис, фаринголарингеална болка, орофарингеални пликови, стеноза на грлото), замор, астенија, мускулна слабост, намалени нивоа на хемоглобин, еритропенија, намалена вредност на хематокритот, позитивен директен Coombs-ов тест, покачени серумски нивоа на аланин аминотрансфераза, аспартат аминотрансфераза и лактат дехидрогеназа.
Помалку чести
  • Намалени нивоа на хемоглобин, еритропенија, намалена вредност на хематокритот, позитивен директен Coombs-ов тест, покачени серумски нивоа на аланин аминотрансфераза, аспартат аминотрансфераза и лактат дехидрогеназа, болка на местото на инјектирање, нелагодност на местото на инфундирање, астенија, мускулна слабост, протеинурија, покачени нивоа на креатинин во крвта, мијалгија, мускулни спазми, мускуло-скелетна болка, мускуло-скелетна вкочанетост, тромбоемболички настани, васкулитис, периферни васкуларни нарушувања, хипертензија, црвенило, хиперемија, палпитации, тахикардија, тремор, сомноленција, вертиго и вртоглавица, хиперсензитивност, анизоцитоза, макроцитоза, ацептичен менингитис, анемија, хемолиза, хемолитичка анемија, леукопенија.
Ретки
  • Асептичен менингитис, тромбоцитоза, тремор, палпитации, тахикардија, хипотензија, тромбоемболички настани, васкулитис, периферни васкуларни нарушувања, хипербилирубинемија, протеинурија, покачени нивоа на креатинин во крвта, болка на местото на инјектирање, нелагодност на местото на инфундирање.
Многу чести
  • Главоболка (вклучително и синус главоболка, мигрена, непријатност во главата и тензиона главоболка), болка (болка во грбот, болка во екстремитетите, артралгија, болка во вратот, болка на лицето), пирексија и треска, болест слична на грип (назофарингитис, фаринголарингеална болка, орофарингеални пликови, стеноза на грлото).
Многу ретки

/

Непознато
  • Неутропенија, акутно пулмонарно оштетување асоцирано со трансфузија, диспнеа, градна болка, непријатност во градите, дишење проследено со болка, абдоминална болка, акутна ренална инсуфициенција.
Симптоми
  • Волуменска преоптовареност со течности и нивна хипервискозност.
Третман
  • Нема податоци.

Поради можност од појава на вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J06BA02
Генерично име:immunoglobulins, normal human (i.v.)
Латинично име:Immunoglobulins, normal human (i.v.) solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1g / 20mL раствор за инфузија
Производител:ФАРМА ТРЕЈД дооел
Носител на одобрение:KEDRION Bolognana S.p.A, Галикано, Италија