Хиперхоелстеролемија
Превенција од кардиоваскуларни заболувања
Atorvastatin претставува статин и компетитивен инхибитор на HMG-CoA-редуктаза - ензим кој ја катализира конверзијата на хидроксиметилглутарил Коензим А (HMG-CoA) во мевалонат - чекор од реакцијата на биосинтеза на холестерол. Atorvastatin делува примарно на хепатално ниво, каде ја намалува хепаталната концентрација на холестеролот и ја стимулира активноста на LDL-рецепторите, со што се зголемува хепаталното ре-преземање на LDL-холестеролот. Дополнително, atorvastatin ја намалува концентрацијата на VLDL-холестеролот во плазмата, серумските триглицериди и IDL.
Вообичаена почетна доза на atorvastatin е 10mg дневно.
Примарна хиперхолестеролемија и комбинирана хиперлипидемија
- Препорачана доза на atorvastatin e 10mg дневно.
Хетерозиготна фамилијарна хиперхолестеролемија
- Одредувањето на дозата на atorvastatin се врши според индивидуализиран пристап, така што дозата се прилагодува на секои 4 недели до 40mg дневно.
Хомозиготна фамилијарна хиперхолестеролемија
- Препорачаната доза на atorvastatin сe движи во опсег од 10 - 80 mg дневно.
Превенција на кардиоваскуларни заболувања
- Препорачана доза на atorvastatin e 10mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на atorvastatin кај педијатриски пациенти на возраст ≥ 10 години од хетерозиготна фамилијарна хиперхолестеролемија е 10mg дневно, со можност за зголемување на дозата до 80mg дневно.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Употребата на atorvastatin е контраиндицирана за време на бременост и доење.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.